Не сте сигурни дали навистина го сакате? Експертите откриваат седум начини како да се уверите во тоа

24 јануари, 20230
676

На почетокот на врската сите „го губиме умот“ и гледаме сè низ „розови очила“. Сите сме најзаљубени и апсолутно ништо не ни пречи, а адреналинот што го чувствуваме е доволно силен за да се соочиме со се што ќе донесе денот без никакви проблеми.

Меѓутоа, како, по некое време, да знаеме дали е љубов или само страст? Одговорот на ова прашање го даваат експерти.

Пол Колман и Венди Волш, психолози, издвоија седум начини кои ќе ви покажат дека навистина сакате.

  1. Вложувате во неговата среќа

Тогаш, кога сте спремни да ја ставите неговата среќа пред вашата, како на пример, да прескокнете концерт на кој навистина сакавте да одите за да останете со него и да му помогнете да помине уште еден ден, навистина го сакате.

  1. Сакате да се развива и да пробува нови работи

Тоа значи дека сакате тој да се развива како личност и да прифаќа предизвици. Ако само сакате да остане ист и да не учествува во авантури, тоа не е љубов.

  1. Ги прифаќате разликите

Секако, ако лошо се бакнува или ужасно се облекува, ќе дадете се од себе да го поправите тоа. Но, ако сте во ред со тоа што слуша сосема поинаква музика од вас или има различни политички ставови, тоа се вика љубов.

  1. Можете да ги признаете своите недостатоци

Знаеме дека ова е многу тешко да се признае. Како можеш да прифатиш дека не си совршен на сите полиња? Ако успеете да го направите тоа и да го признаете на вашиот сакан, а во исто време сте подготвени да работите на тоа да се промените себеси на подобро, тогаш и тоа како го сакате.

  1. Можете да живеете со неговите недостатоци

Сите ние имаме особини кои не се најпосакувани. Ако сте ги прифатиле неговите, дефинитивно го сакате.

  1. Сè на него ви е привлечно

На почетокот на врската нормално е постојано да сте загреани еден за друг, но ако подеднакво ве привлекува откако ќе дознаете за неговиот чуден осип на нозете, тоа е добар знак.

  1. Можете да замислите да имате деца со него

Се разбира, не секој сака да има деца и нема ништо лошо во тоа, но ако сте размислувале да основате семејство и тоа е она што го сакате еден ден, и се фатите себеси како замислувате како ќе изгледаат вашите деца или каков би бил тој како татко – дефинитивно го сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi