ОВА СЕ ЗНАЦИ ДЕКА ИМАТЕ СОВРШЕН МАЖ! Чувајте го како капка вода на дланка!

7 февруари, 20230
Screenshot_4

На совршениот сопруг нема да му биде тешко да измие садови, да ви помогне со чистењето на бањата или да пушти правосмукалка. Ги почитува вашите пријателки и колешки, не крие работи од вас. Како изгледа совршениот сопруг?

 

 

 

 

Во бракот влегуваме од љубов, но со текот на времето почнуваме убаво да го запознаваме партнерот. Како што минуваат годините, некои навики на партнерот што во почетокот ви се чинеле симпатични може да почнат да ве излудуваат, но има и сигурни знаци дека сте во брак со совршен сопруг. Кои се тие?

 

Бракот подразбира почитување, љубов и секако партнерство. Брачните другари даваат завет дека ќе бидат тука еден за друг во тешките мигови, дека ќе внимаваат на партнерот и секогаш ќе знаат како да бидат тука за нивниот партнер. Некои партнери, за жал, брзо забораваат на ваквите завети, а некои остануваат доследни до крај.

 

Еве кои работи го прават вашиот сопруг совршен:

 

Не се плаши од предизвиците и од проблемите

Велат дека честа причина за разделбите се токму неисполнетите очекувања, а добриот партнер не е тука само за да ви каже убави зборови, туку и да ги исполни.

 

Тоа особено се забележува во тешките мигови, затоа што тој секогаш е подготвен и ќе даде сè од себе да ги реши проблемите што ќе се појават, секогаш ќе ви биде рамо за плачење кога ќе се соочувате со проблеми и ќе ви помогне кога може.

 

Внимава на детали

Тоа не значи дека тој го знае секој детаљ од вашиот живот или дека помни во што сте биле облечени кога сте се запознале.

 

Но, тој забележува и ги знае деталите што вие ги сакате: која ви е омилена песна, знае што е она што ве исполнува, знае како сакате да го испиете кафето, знае какво чоколадо да ви купи …

 

Тој не е само интелигентен, туку покажува и мудрост

Едно е да се биде интелигентен, друго е да се биде мудар. Тој знае секогаш да ве сослуша кога сте имале расправија со некоја пријателка или со мајка ви и да ви даде мудар совет, а не да ве охрабрува иако не сте во право.

 

Знае да ве насмее

Си доаѓате дома нервозни и под стрес, но тој е тука за да ве насмее и да ве расположи. Тој секогаш знае како да ве насмее, да ви каже некоја шега или само цврсто ќе ве прегрне и целата негативна енергија ќе исчезне.

 

Важно му е вашето мислење

Кога ќе се родат и децата, честопати се случува брачните партнери само да се врзуваат и да разговараат околу грижата за децата, но тоа не е сè … Ако до себеси го имате совршениот партнер брзо ќе сфатите дека до себеси го имате и својот најдобар пријател со кого можете редовно да споделувате мислења и од кого можете да добиете совет за секоја тема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *