Шест бои со кои ЗЕЛЕНАТА најмногу ќе дојде до израз во модните комбинации

29 март, 20230
62076795-zelena-boja

Љубителите на зелената боја не треба премногу да се убедуваат во нејзината уникатност и разноврсност. Зелената, една од најубавите постоечки бои, се наоѓа на видливиот спектар на бои помеѓу сината и жолтата. Зелената боја пред се е симбол на природата, нејзиното обновување и растење, а познато е и дека глетката на зелените нијанси создава чувство на смиреност кај нас.

Во однос на модата, зелената е боја која жените се плашат да ја носат, пред се затоа што мислат дека избраната нијанса нема да одговара на бојата на нивната кожа или сметаат дека е тешко да се комбинира.

Сепак, нема причина да се плашите бидејќи зелената всушност воопшто не е тешко да се комбинира, а подолу можете да дознаете кои бои најдобро и одговараат.

1. БЕЛА

Ако не знаете од каде да започнете со комбинацијата, почнете со бела боја. Таа е непогрешлива и одговара на сите бои во спектарот, вклучително и зелената, без разлика на тонот.

Zelena i bijela

2. БЕЖ

Кога белата боја не е вашиот прв избор, а сепак ви треба неутрална боја покрај зелената, користете ги сите нијанси на беж.

Zelena i bež

3. ТЕМНО СИНА

Заедно со црната, апсолутна кралица на темните неутрални нијанси. Совршено се комбинира со речиси сите нијанси на зелено.

Zelena i tamnoplava

4. РОЗОВА

Сега конечно доаѓаме до поефикасни бои кои можете да ги комбинирате со зелената, а меѓу нив е и розовата. Ова е комбинација создадена само за најсмелите љубители на модата.

Zelena i ružičasta

5. ВИОЛЕТОВА

Зелената и виолетова се контрастни бои на спротивните страни на спектарот, но тие совршено се совпаѓаат.

Zelena i ljubičasta

6. ЖОЛТА

Зелено жолто, заљубен пар. Овие две бои јавно се сакаат. Секојa од нив е посебна сама по себе, а во комбинација формираат непобедливо и смело модно дуо.

Zelena i žuta

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *