„Добре дојде на свет“: Ѕвездата од филмот „Малата сирена“ го дочека своето прво дете, објави трогателна порака за своето малечко на Инстаграм!

popara8 јануари, 20241min00
Screenshot_6

Убавата актерка, позната по тоа што ја крие својата приватност од медиумите, на Инстаграм напиша дека родила син во 2023 година.

 

 

 

Американската актерка Хали Бејли (23), која ја глумеше малата сирена во минатогодишниот истоимен филм, стана мајка.

 

Младата убавица го доби своето прво дете со раперот Дерил Гренбери, попознат како ДДГ, а тие станаа горди родители на момче.

 

Хали Бејли објави дека добила бебе на Инстаграм, каде постираше фотографија од неговата рака, на која се гледа мала златна белегзија на која пишува „Хејло“, што е и името на момчето.

 

„Иако сме веќе неколку дена во новата година, најголемата работа што ми ја направи 2023 година е тоа што ми донесе син… Добредојде на свет, мој Хејло“, напиша Хали.

Актерката и раперот се во врска повеќе од една година, а официјално се претставија како пар во март 2022 година, кога Бејли му честиташе роденден на своето момче на Инстаграм.

 

Хали е позната како некој што ја чува својата приватност, па никогаш не го покажа трудничкиот стомак, ниту ја спомна бременоста и ги игнорираше гласините дека е бремена, кои ја следеа со месеци.

 

Обожавателите ѝ пишуваа дека носот ѝ изгледа како да е трудна, забележаа дека стомакот ѝ изгледа поголем, по што таа веднаш споделуваше стара фотографија на која го нема трудничкиот стомак, не се појавуваше претерано во јавноста… Еве како актерката успеа да ја зачува својата приватност и да ужива очекувајќи го своето прво дете.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag