Во Белград започна снимањето на долгоочекуваното ново продолжение на серијалот „Жикина династија“ во режија на Милан Коњевиќ, а по сценарио на наградуваната српска писателка и професорка на Факултетот за драмски уметности, Милена Марковиќ.
Новиот иден кино хит ќе се вика „Враќањето на Жикина династија“, а главната улога ќе ја игра Никола Којо, кој по повеќе од 30 години се враќа во ликот на Миша Павловиќ.
Синовите на Миша доаѓаат во Србија, кои ги играат младиот Никола Бруно и Гаврило Иванковиќ, кои одамна ги нема видено, бидејќи живеат со Наташа во Москва, но кога момците кои ги носат имињата на нивните прадедовци – Жика и Милан,ќе пристигнат, започнува нова луда година, полна со смеа и авантури, но и семејни вредности.Меѓу старите ликови се враќаат саканата Фрау Елза и драгиот Боба, односно Весна Чипчиќ и Владимир Петровиќ, заедно со уште некои познати ликови од претходните продолженија, а сето тоа под надзор на Јован Марковиќ, креаторот на серијата.
Една од главните улоги ќе ја толкува и познатата манекенка и водителка Данијела Димитровска, која ќе ја игра својата прва улога во филм, со поддршка од саканите локални актери: Срѓан Тимарова, Младен Совиља, Јова Макшиќ, Милена Предиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Љиљана Стјепановиќ, но и младите актерки Катарина Вељовиќ, Тамара Радовановиќ и Мина Ненадовиќ.
Во епизодни улоги ќе се појават и Драшко и Зоран Анѓиќ. Покрај во Белград и Панчево, филмот ќе се снима и на атрактивните локации на Златибор.
Продуценти на филмот се Милан Тодоровиќ, Огњен Ракчевиќ, Горан Пековиќ и Јован Марковиќ, додека извршен продуцент е Ивица Видановиќ.
Филмот е поддржан од фондовите на Филмскиот центар на Србија за кофинансирање на продукцијата на играни филмови со комерцијален потенцијал, а финансиер е и платформата “Apollon”, на која ќе биде достапен по кино дистрибуцијата во Србија и регионот. но и низ дијаспората. Новото продолжение на “Жикина династија”, кино публиката ќе може да го гледа есента следната година.
Продуцентските куќи кои стојат зад ова остварување се “Talking Wolf Productions”, “Olimp Produkcija’, “Film i Ton”, како и “Cinnamon Films”.