
Состојки:
За тестото:
500 гр компири
4 јајца
2 лажици масло
брашно по потреба
За полнење:
200 гр чоколадо за готвење
100 гр шеќер
И уште:
200 гр презла
50 гр шеќер
Подготовка:
Компирите сварете ги и испасирајте ги како пире. Додадете јајца, масло, прстофат сол и по потреба додадете брашно за да замесите средно меко тесто. Расукајте го со сукало и исечете кругови со мала чаша. Во секоја ставете по една чоколадна коцка и посипете со малку шеќер. Обликувајте кнедла. Сварете ги во врела вода. Кога ќе испливаат на површината, варете уште 15 минути. Извадете ги со рерна лажица, исцедете ги и валкајте ги во мешавина од шеќер и презла.