„Ова е улогата на нејзиниот живот“! Излезе трејлерот за новиот филм на Памела Андерсон, многумина ѝ предвидуваат Оскар (ВИДЕО)

popara20 ноември, 20241min00
Screenshot_7

Памела Андерсон, која на пошироката јавност и остана позната по познатата серија од 1990-тите „Чувари на плажата“, децении подоцна, реши да ја пренасочи кариерата во сосема поинаква насока.

 

 

 

 

– Голем дел од мојата кариера беше фокусиран на физичкиот изглед и тоа беше процесот, но и причината поради која се впуштив во овој експеримент, да разголувам се’, да се сеќавам која сум, да не бидам дефинирана со работите што другите ми ги прават, туку она што  јас го правам- изјави актерката по најновиот филм „Последната шоу-девојка“, чија премиера беше во Торонто, додека во кината ќе се појави во јануари.

 

Критичарката Кејт Ирбленд од „IndieWire“ пишуваше за најновиот филм на Памела Андерсон.

 

– Филмот „Последната шоу-девојка“ е животна улога за Андерсон, улога која може целосно да ја прикаже нејзината неверојатна емоционална сила и ранливост и почеток на сосема нова фаза во нејзината кариера. Можно е тоа да и донесе до номинација за Оскар – изјави Ирбленд.

 

Актерката доби уште една позитивна критика напишана од Дејвид Руни од Холивуд Репортер:

 

– Иако нејзиниот здив глас како Мерилин и постојаниот нервен проток на зборови понекогаш се заморни, трансформативната глума на Андерсон несомнено остава силен впечаток – вели Дејвид.

 

„Последната шоу-девојка“ е сместена во блескавиот свет на Лас Вегас и ја следи Шели, искусна и гламурозна танчерка која мора да планира за иднината кога нејзиното шоу нагло ќе се затвори по 30 години настап.

Официјалниот трејлер за филмот е објавен, а оваа драма е во режија на Џиа Копола.

 

Во филмот играат и Џејми Ли Кертис, Бренда Сонг, Били Лорд, Дејв Баутиста и други.

 

Кертис игра келнерка и блиска пријателка на Шели. Баутиста ја глуми менаџерката и поранешната љубовница на Шели, која и ја носи веста за крајот на нејзината кариера, а Лорд ја игра ќерката на Шели, Хана.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag