
Фантазијата е моќна сексуална алатка која предизвикува голема возбуда и страст. Сексуалните фантазии се апсолутно нормални и присутни и во машкиот и во женскиот ум. Тие се однесуваат на некое искуство од минатото или едноставно да се само тајни фантазии кои посакувате да се остварат.
Кои се најчестите фантазии на жените?
Секс со двајца мажи
Жената тешко дека ќе се осмели некогаш во реалноста да ја реализира оваа фантазија, но како што и мажите сонуваат за тројка, така и жените би сакале да пробаат секс со двајца мажи.
Секс на јавно место
Жените сонуваат за секс на јавно место. Помислата дека имаат секс додека минуваат непознати луѓе може да ги возбуди и најсрамежливите жени.
Страстен партнер
Иако сите жени сакаат да водат љубов, нема ништо поубаво од страстен секс. Жените сонуваат за див секс.
Преземање на контролата
Жените фантазираат да бидат доминирани во кревет, но истовремено понекогаш сакаат улогата да се промени, па тие да бидат доминантни, познато како изразот „switch“ во БДСМ светот што докажува дека нема правила и рестрикции за сексуалните фантазии.
Интересен е фактот дека жените најчесто одбиваат да направат домашно порно видео, но сепак фантазираат за тоа дека на видеото ќе изгледаат секси и совршено.