(ФОТО) Селена Гомез потврди дека се верила

popara12 декември, 20244min00
US-ENTERTAINMENT-HOLLYWOOD-WOMEN

Актерката и пејачка Селена Гомез на Инстаграм објави фотографија од голем дијамантски прстен под кој напиша „засекогаш започнува сега“ и на тој начин ја објави својата свршувачка со текстописецот и музички продуцент Бени Бланко, пренесува BBC.

Двојката ја потврди врската минатата година, а по објавувањето на свршувачката, Селена брзо прими честитки од богатите и познатите, меѓу кои и поп ѕвездата Тејлор Свифт.

Гомез, двапати номинирана за наградата Греми, објави и „селфи“ на кое зрачи од среќа и фотографија на која Бланко ја гушка.

„Еј чекај (…) тоа е мојата сопруга“, коментираше Бланко под објавата на Инстаграм, додека Свифт се понуди да биде деверицата фрлајќи ливчиња од роза по патеката.

Честитки упатија и раперката Карди Би, актерките Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Суки Вотерхаус и пејачот Лил Нас Икс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Гомез, ѕвезда од Тексас, се прослави како детска актерка пред да започне кариера како пејачка и актерка.

Оваа година таа се најде на листата на милијардери на Блумберг, собирајќи богатство од 1,3 милијарди долари, пред се благодарение на нејзината козметичка компанија „Rare Beauty“.

Гомез и Бланко работеа заедно и беа добри пријатели пред да станат пар, а Бени дури се појави во нејзиниот спот за „I Can’t Get Enough“ во 2019 година, облечен во костим за плишано мече.

Гомез оваа недела беше номинирана за Златен глобус во категоријата најдобра споредна женска улога за филмот „Емилија Перез“, кој покрај оваа освои уште девет номинации за наградата. Таа беше номинирана и за улогата во серијата „Само убиства во зградата“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag