ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Што се случува во вашето тело ако изедете една лажица мед пред спиење?

popara27 септември, 20241min00
Screenshot_13

 

Повеќето веќе знаат дека медот може да се користи во борбата против настинка и за навлажнување на кожата. Но научниците го нарекуваат медот суперхрана поради многу други придобивки. Ако секоја вечер пред спиење изедете лажичка мед, ќе се изненадите од резултатите.

 

 

 

  1. Добар сон

 

Медот содржи материја наречена триптофан. Ова е хормон кој ви помага да се релаксирате и му дава сигнал на телото дека е време за спиење. Иако на телото му е потребна оваа аминокиселина, тоа не може да ја произведе самото.

 

Понекогаш можно е да се разбудите во текот на ноќта. Причината е што во текот на спиењето, на мозокот му е потребна супстанца наречена гликоген, а поради овој недостаток се ослободуваат адреналин и кортизол кои не ви дозволуваат да заспиете. За среќа, медот содржи гликоген, па консумирањето пред спиење ќе ви помогне да останете заспани.

 

  1. Намалување на крвниот притисок

 

Бидејќи високиот крвен притисок е фактор што придонесува за болести на срцето, важно е да го одржувате нормален. Медот содржи антиоксиданси за кои се покажало дека го намалуваат крвниот притисок. Па, една лажица пред спиење е одличен начин да го спречите високиот крвен притисок.

 

  1. Намалување на триглицеридите

 

Триглицеридите се вид масти кои се наоѓаат во крвта. Високото ниво на триглицериди значи ризик од појава на болести на срцето и дијабетес. Медот го намалува нивото на триглицериди и ги трансформира во добри „сојузници“ што го чистат телото од непотребните масти.

 

  1. Подобрување на имунитетот

 

Медот е богат со антиоксиданси и антибактериски материи кои го зајакнуваат имунитетот. На овој начин ќе бидете посилни и полесно ќе се справите со инфекции предизвикани од бактерии, габи и вируси. Покрај тоа можете да го нанесувате и на рана бидејќи има антибактериски својства.

 

  1. Побрзо согорување на масти

 

Медот го забрзува вашиот метаболизам бидејќи има термоген ефект на телото. Ова значи дека ја зголемува циркулацијата, која пак ја покачува телесната температура. На овој начин се согоруваат мастите без многу напор.

 

  1. Ослободување од кашлица

 

Тој ефикасно ги намалува воспаленијата во телото, па пиењето една лажица мед со топла вода ќе ја намали иритацијата на вашето грло и ќе ја спречи појавата на кашлица. Покрај тоа, медот е и одличен антибиотик кој ќе се справи со бактериите што завршиле во вашето грло.

 

  1. Борба против стареење

 

Најдобриот начин да го забавите стареењето е консумирање антиоксиданси, а медот е полн со нив. Доколку секоја вечер пред спиење јадете мед, ќе се справите со стареењето однатре.

 

  1. Борба против депресија

 

Медот содржи полифенол, органска хемикалија која помага во борбата против депресија. Ако сакате да го зачувате психичкото здравје и да се будите мотивирани, консумирањето мед секоја вечер ќе ви помогне во тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma