Дали често се потите под пазувите? Еве како да го решите тој проблем

popara13 август, 20241min00
Screenshot_5

Постојат луѓе што имаат зголемено потење, без разлика на годишното време. Потењето често доаѓа како реакција на стрес или напнатност, а топлото време, или престојот во топла просторија или физичкиот напор се активности кои нормално предизвикуваат потење.

 

 

 

 

Без разлика што ова лето е мошне променливо, сигурни сме дека сепак постојат оние кои се борат со прекумерно потење, па белата и црната облека се нивен најчест избор.

 

Во продолжение ви презентираме како може да се подобри оваа ситуација и тоа само со 4 природни состојки:

 

 

Црн чај

 

Црниот чај е богат со танин, а тој пак со киселина која делува како природен антиперспирант. Тоа значи дека влијае и на жлездите, па го намалува прекумерното потење.

 

Што да направите?

 

-Зовријте пола шолја вода и во неа ставете црн чај (две ќесички) и оставете да стои околу минута. Потоа оставете ќесичките да се изладат. Откако ќе се изладат, ставете ги под пазуви или на деловите од телото каде што потењето е зголемено и оставете да делуваат околу 5 минути, па отстранете ги.

 

 

 

Лимон

 

Лимонот одамна се користи при контролирање на телесни мириси, како и против зголемено потење. Киселината која се содржи во лимонот, ги убива бактериите, па делува како природен дезодоранс, но по третманот со лимон, кожата не ја изложувајте на сонце.

 

Што да направите?

 

Лимонот исечете го на половина и со половината поминете ги пазувите. Оставете да делува 15-30 минути, па измијте ја кожата со студена вода.

 

Јаболков оцет

 

Јаболковиот оцет има дејство на природен дезодоранс бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е само еднаш дневно со него да ги пребришете пазувите.

 

Што да направите?

 

Земете памук (туфер) и натопете го со мешавина од јаболков оцет и вода во размер 2:1, па со него избришете ги површините на телото каде што посилно се потите. Направете го тоа секоја вечер пред спиење.

 

 

 

Сода бикарбона

 

Евтина е достапна, па затоа содата е мошне практично решение против потењето и непријатниот мирис воедно.

 

Што да направите?

 

Прстофат сода ставете во малку вода или на веќе мокри прсти и нанесете под пазувите. Истријте ја кожата нежно и оставете да се исуши. Потоа, со суво марамче, односно палома, отстранете го остатокот од правот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma