Докторите го дадоа своето мислење: Еве дали на трудниците им е дозволено да јадат чоколадо, мора да се погрижат за оваа работа

popara21 јули, 20241min00
Screenshot_7

Малку чоколадо секојдневно во бременоста придонесува за здравје на кардиоваскуларниот систем на фетусот, тврди ново истражување. А едно парче чоколадо дневно може да го намали ризикот за настанување на прееклампсија, потенцијално смртоносна состојба преку која кај трудниците со нормален крвен притисок нагло се појавува опасен крвен притисок. Чоколадото помага независно од тоа дали содржи високи или ниски количини на флавоноли.

 

 

 

 

– Откривме дека консумирањето мали количини темно чоколадо, независно од тоа дали содржи високо или ниско ниво на флавоноли, од првото тримесечје на бременоста, може да доведе до подобрена функција на постелката – вели авторот на истражувањето, д-р Емануел Бујолд, професор по гинекологија и акушерство на Универзитетот „Лавал“ во Квебек Сити во Канада. Природно флавонолите во голема количина се наоѓаат во непреработеното какао. Со оглед на тоа дека имаат горчлив вкус, поради техниката која од природно какао ги претвора во фин какао-прав или чоколада, се губи голема количина на флавоноли. Затоа ова истражување се обидува да открие дали е важно нивото на флавоноли во чоколадата.

 

Сепак, да не се претерува!

 

Во истражувањето учествувале трудници во 11. до 14. недела од бременоста што носеле едно дете. Морале да јадат 30 грама чоколадо дневно во период од 12 недели. Половина од трудниците јаделе чоколадо со високо ниво флавоноли, а другата половина со ниско. Без разлика на тоа какво чоколадо консумирале, имале ист ризик за настанување на прееклампсија и висок крвен притисок, како и измерена иста тежина на постелката. Меѓутоа, откриено е дека консумацијата на мали количини чоколадо, независно од нивото на флавоноли, довела до подобрување на крвната циркулација. Бујолд вели дека во чоколадото има нешто повеќе од флавонолите што добро влијае врз бременоста, но нагласил дека консумацијата на чоколадо во бременоста мора да биде умерена, како и калорискиот внес.

 

– Ова не е дозвола да се претера со чоколадото. Трудниците во истражувањето јаделе само 30 грама чоколадо, што е само неколку парчиња. Ако претераат со внесот на чоколадо, трудниците може да добијат повеќе килограми отколку што е препорачливо – вели Лона Сандон, професорка по клинички нутриционизам на Универзитетот во Тексас. Таа советува трудниците да се посветат на друга храна која помага за здравиот раст и развој на детето, како што се намирници богати со фолна киселина, калциум, белковини и железо.

 

– Дозволено е одвреме-навреме да се ужива во малку чоколадо, но не би го препорачала за здрава бременост – вели Сандон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag