ЕВЕ ШТО ГИ ВОЗБУДУВА МАЖИТЕ ПОВЕЌЕ ОД ГОЛЕМИ ГРАДИ И ЗАДНИК

popara11 октомври, 20241min00
Screenshot_11

Секогаш има детали кои можат директно да го возбудат мажот, како длабоко деколте или заводлива долна облека, но има и такви помалку очигледни, па дури и изненадувачки работи кои ќе ве направат уште попосакувани и попривлечни во очите на вашиот партнер.

 

 

 

Дали мислите дека точно знаете како да го полудите вашиот партнер? Сепак, можеби можете да направите нешто друго за да ја направите оваа зима уште повозбудлива.

 

Спонтано однесување

Младешки, лежерен и спонтан начин на однесување ги привлекува сите мажи. Сакаат да гледаат во вашите очи и движења безгрижност и релаксација, како и волја за мало „непромислено“ лудило на кое се склони младите.

 

Ранливост

Можеби затоа што кај нив предизвикува заштитнички импулси или поради некоја друга причина, но мажите сакаат да ја почувствуваат женската ранливост. Тоа не значи да ги смените улогите, ако вие сте подоминантна во врската, но кога зборувате отворено за вашите соништа, стравови и предизвици, таа интимност скоро секогаш е многу силен афродизијак.

 

Грижливост

Следниот пат кога ќе сакате малку акција, би било добро да волонтирате заедно или да учествувате во добротворна трка, акција и слично. Студија објавена во 2016 година во British Journal of Psychology покажа дека луѓето кои им помагаат на другите се попривлечни за спротивниот пол, но и дека имаат секс почесто. Се чини дека кај човечкиот вид алтруизмот еволуирал, делумно затоа што на некој начин е индикација за други пожелни квалитети што едно лице ги крие во себе, објаснува водачот на студијата, д-р Стивен Арноки.

 

Адреналинот го зголемува и либидото

Малку поинтензивна акција буквално ќе ви ја „зоврие“ крвта и на двајцата. Тоа може да биде заедничко планинарење, качување по карпа, возење велосипед на планинска патека, кајакарење… каква било физичка активност што бара нешто повеќе од основно вложување напор. Адреналинот од акцијата и ендорфинот од вежбањето ќе направат моќна секси комбинација.

 

Со смеење до секс

Насмевката вреди повеќе од илјада зборови, но гласното смеење може да ви донесе и жешка игра во кревет. Имено, проф. Марија Софокле од Универзитетот во Базел спроведе истражување кое покажа дека мажите потсвесно се возбудуваат од смеата на жените, веројатно затоа што ги потсетува на звуците што може да ги слушнат од жените за време на сексот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag