ЗАГОРЕНО ТЕНЏЕРЕ? Овој трик како да го исчистите ќе ве воодушеви!

popara24 јули, 20241min00
Screenshot_6

Дури и на најискусните домаќини им се случува понекогаш да ја загорат храната и да остават дамки на садовите, кои барем  наизглед не можат никако да се отстранат. Безразлика дали станува збор за загорено млеко, сосови или друга храна, ви претставуваме два начини за ефикано чистење на загорените тави или тенџериња.

 

 

 

Во загореното тенџере зовријте вода (три прста) во која имате растворено малку прашок за пециво – и загорениот дел на дното ќе се отстрани многу лесно. Кај тенџерето кое е премногу изгорено се стана и малку детергент и се трие со жица за рибање на садови.

 

Постои уште еден начин на чистење. За него ќе ви бидат потребни три лажици оцет, лажица сода бикарбона и две шолји вода.

 

Во тенџерето сипете вода и додадете го оцетот. Потоа, ставете на рингла и оставете да зоврие. Тенџерето тргнете го од ринглата и ставете ја во него сода бикарбоната. Испразнете го тенџерето и гребете со рапавата страна од сунѓерот. Ако дамката е упорна додадете уште малку сода бикарбона.

 

Со примена на овие совети ќе заштедите време на миење на садовите, а загорените тенџериња повеќе нема да ви бидат ноќен кошмар.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma