Годинава Летните олимписки игри се враќаат во Париз по точно 100 години, а Париз ќе биде само вториот град во светот (првиот е Лондон – 1908, 1948 и 2012 година) кој трипати бил домаќин. Париз беше домаќин на Олимписките игри за прв пат во 1900 година, кога таму се одржа Светската изложба, а потоа во 1924 година, по Зимските игри во Шамони.
На ОИ 2024, брејк денс за првпат ќе биде претставен како олимписки спорт (односно, првпат по младинските Олимписки игри 2018 година), а организаторите со гордост го истакнуваат инклузивниот и зелен карактер на Игрите во Париз. Имено, годинава за прв пат во историјата ќе има еднаков број на натпреварувачи од женски и од машки пол (5250 и 5250) а за првпат има само еден визуелен за Олимписките и Параолимписките игри, потпишан од францускиот илустратор Уго Гатони. Од друга страна, зелените напори се гледаат пред се во тоа што во Олимпиското село нема да се вклучат клима уредите, туку ќе се користи поеколошки систем за ладење.
И додека се надеваме дека овие иницијативи ќе продолжат и во наредните години, и дека ќе им се придружат и други добри иновации, некои „детали“ од овогодинешните Олимписки игри се едноставно неповторливи. Ви пренесуваме избор од многу кул работи кои Французите ги смислија за оваа Олимпијада.
Ајфеловата кула
Ајфеловата кула ќе биде важен дел од Игрите и не само затоа што под неа ќе се игра одбојка на плажа. Имено, секој медал ќе биде излеан околу парче железо од Ајфеловата кула, зачувано по реновирањето. Железниот шестоаголник во центарот на секој медал е дел од Париз што сите лауреати ќе го понесат со себе.
View this post on Instagram
Версај
Ќе гледаме некои спортови во Париз на необични арени – познати париски културно-историски атракции. Така, мечување и таеквондо ќе се одржуваат во домот на Луј XIV – Версајскиот дворец, а во неговите познати градини ќе биде поставен привремен прстен за прескокнување и дресирање.
Сена
Реката Сена ќе биде домаќин на пливачкиот маратон и пливачкиот дел од триатлонот на Олимписките игри оваа година, исто како што беше во 1900 година. Оваа носталгична одлука беше проследена со многу контроверзии бидејќи до неодамна пливањето во Сена беше забрането поради лошиот квалитет на водата. Меѓутоа, организаторите тврдат дека водата сега е доволно чиста и дека не е опасна за луѓето.
Париз маратон
Маратонот ќе биде од Париз до Версај и ќе поврзе девет градови: Париз, Булоњ-Биланкур, Севр, Вил д’Авреј, Версај, Вирофле, Шавил, Меудон и Иси-ле-Мулино. Но, за прв пат во историјата на Игрите, граѓаните ќе можат да трчаат на истата патека на олимпискиот маратон во ист ден како и олимпијците. Учество ќе земат 35 илјади аматери тркачи.
Прекуморска територија
Игрите ќе се одржуваат низ целата земја, на пример олимпиското едрење во Марсеј и фудбалски натпревари на стадионите во Бордо, Нант, Лион, Сент Етјен, Ница и Марсеј. Но, никогаш во историјата на Игрите не се одржало натпреварување во спорт толку далеку како што овогодинешното сурфање ќе биде далеку од Париз – дури 15.000 километри. Сурферите ќе ги тестираат своите сили на Тахити, најголемиот остров на Француска Полинезија, на плажата Теахупо, светски познатиот рај за сурфери.