Сите имаме средства дома кои не ги користиме, а кои всушност се многу корисни. Едно од таквите супер моќни средства е хидрогенот пероксид. Само едно шишенце хидроген може да биде покорисно отколку што мислите.
Ова се неговите најкорисни употреби:
- Средство за отстранување на дамките
Ако имате облека со тврдокорни дамки, а немате „Вениш“ или некое слично средство за отстранување на дамките, може да го направите и сами. Потребно е да помешате детергент за садови и хидроген во размер 1:2. Мешавината сипете ја во прскалка и напрскајте ја дамката. Оставете да отстои околу 30 минути, а после тоа исперете ја облеката.
- Моќен борец против нечистотијата
Дали знаете дека на една четкичка за заби има над 10 милиони бактерии? Својот прибор за хигиена може ефикасно да го дезинфицирате со помош на хидроген. Постапката е едноставна, само сипете во чаша и потопете ја четката на неколку минути. После тоа исперете ја со топла вода.
- Отстранува влага
Мувлата и влагата во домот изгледаат многу лошо, но доколку проблематичното место го испрскате со малку хидроген, вашиот проблем ќе биде решен. Не заборавајте да користите трипроцентен раствор за хидроген пероксид кој може да го купите во аптека.