Знаци кои откриваат дека вашиот партнер не ja заборавил бившaта

popara26 јули, 20241min00
Screenshot_1

Пет знаци откриваат дали некоја личност сѐ уште размислува за својот поранешен партнер или партнерка.

 

 

 

 

Започнавте нова романса, розите цветаат, но имате впечаток дека вашиот нов партнер никако не може да ја заборави поранешната љубов? Овие знаци јасно ќе ви го покажат тоа – доколку ги забележите, големо прашање е дали вашата врска има иднина. Терапевт за парови открива 5 знаци дека некој не ја заборавил поранешната љубов.

 

„Овие знаци не мора да значат дека некој не може да продолжи да гради врска со вас, но тие можат да покажат дека на личноста ѝ треба време и простор за да се излечи од претходната врска“, вели терапевтка за парови Џени Ворвик зборувајќи за Metro.

 

Од уста не ја вадат поранешната љубов

„Ако често ја спомнуваат бившата во разговор, тоа може да укажува на нерешени чувства и дека сè уште ги обработуваат своите емоции“, објаснува Џени.

 

Ако бившата љубов доминира во мислите и разговорите на вашиот партнер, тоа е сигнал дека таа сè уште зафаќа огромен ментален простор. Иако може да изгледа како безопасно озборување, забележете колку често ја спомнува. Исто така, ако има тенденција да стане нервозен или емотивен кога зборуваат за бившата, тоа е знак дека навистина не дозволиле нивното минато да биде – минато.

 

Постојано им ги гледаат профилите на социјалните мрежи

Можеби до токли не ги демнат, но постојано проверуваат што има ново на нивните профили на Instagram и Facebook.

 

„Прекумерното проверување на социјалните мрежи на поранешната љубов може да укаже на долготрајни чувства. Можеби ќе има потреба да се прекине врската ако некој постојано го живее животот на својата поранешна на интернет“, вели Џени.

 

Емоционален багаж

„Ако имаат нерешени емоционални прашања од претходната врска, како што се проблеми со довербата или тешкотии да ви се отворат, тоа може да значи дека сè уште се справуваат со последиците“, објаснува Џени.

 

Исто така, внимавајте на однесувањето топло/ладно на вашиот партнер со вас – знак дека можеби ги вклучува и исклучува своите емоции додека сè уште се справува со внатрешните љубовни превирања затоа што има чувства кон бившата.

 

Споредба

Сите знаеме дека споредбата е крадец на радоста, а тоа не е случај само кога се критикуваме самите себе. Ако вашиот партнер постојано ве споредува со неговата поранешна љубов, тоа не е добар знак.

 

„Постојаното споредување со некој од претходната врска, без разлика дали е во позитивно или негативно светло, сугерира дека тие допрва треба целосно да продолжат понатаму и сѐ уште не ја исфрлиле претходната врска од својот систем“, додава Џени.

 

Емоционална дистанца

„Ако се борат со емоционална интимност или имаат потешкотии целосно да се посветат, тоа може да биде знак дека се воздржуваат поради нерешените чувства од претходната врска“, додава Џени.

 

Ако врската не се движи на следното ниво, тогаш блокот може да биде друга личност од минатото – со други зборови, поранешна љубов. А, ако зафаќа толку голем простор, тоа значи дека нема место за нова.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag