Зошто сакаме да ги озборуваме другите? Радост задари малку гласини

popara24 септември, 20241min00
Screenshot_6

Дури и кога сме повозрасни сакаме уште да си играме „расипан телефон“. Сите се сеќавате на оваа игра каде една реченица оди во круг, еволуира…

 

 

 

 

…расте, секогаш се враќа изменета, без точно да се знае кога и како тоа се случило.

 

Токму оваа игра требала да ни биде поука која ќе ја понесеме со себе кога ќе пораснеме, но жалосно е дека голем дел од нас ја заборавиле. Лекцијата на расипаниот телефон е дека – без разлика што и да и кажете на некоја личност ќе ја прилагоди приказната на оваков или онаков начин.

 

Не ви е и вам доста од оние личности кои играат расипан телефон намерно или случајно? Тоа се оние кои знаат некоја половична информација па малку си додаваат и измислуваат и резултатот – нов трач и сосема извртена приказна.

 

Се случува да раскажете на некој дека сте биле во продавница и сте купиле леб и млеко за на крај од сосема трета личност да дознаете дека сте купиле леб и млеко, но и десет салами, бисквити, тегла краставици и плус дека сте на диета.

 

Не сте знаеле? Па тој “некој“ тоа го чул од неколку други личности, а кога веќе толку луѓе знаат тоа МОРА да е точно. И така се врти приказната.

 

Тука се и оние кои ненамерно слушаат погрешно, но сеедно пренесуваат информации за кои знаат дека не се точни, но сепак би го привлекле вниманието на луѓето.

 

Всушност, звучи грозно на што се се способни луѓето. А што ги тера на тоа? Преголемата средина каде не постојат вистински пријателства? Или премала средина каде е важно да се случува нешто, па макар тоа било филувано?

 

Премирно е нема трач, па дај да ја разбрануваме водата. А, можеби и оговарањето е дел од човечката природа и секој мора да го прави понекогаш.

 

Како и да е, заклучок е дека луѓето кои си играат расипан телефон, немаат сопствен живот ниту пак нешто интересно во него, па смислуваат начини како да го закомплицираат животот на некој друг. Колку само “мали“ можеме да бидеме понекогаш.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma