Се претпоставува дека пожарот избувнал во задниот дел од луксузниот имот, по што се проширил на поткровјето, при што дошло до уривање на покривот.
Луксузната вила на манекенката Кара Делевињ минатата недела била зафатена од страшен пожар.Имено, како што пренесуваат странските медиуми, таа за среќа во моментот на пожарот не била во куќата бидејќи моментално престојува во Велика Британија.
На објектот е причинета голема материјална штета, а за среќа нема жртви.
Инаку, Кара ја купи оваа вила во Лос Анџелес од 8.000 метри квадратни во 2019 година за дури 7 милиони долари.