Кога спомнуваме корисна храна секогаш треба да ја додаваме кон листата и тиквата. Вкусна, миризлива, дел од нашата есенска и зимска кујна, таа ни помага не само да ја задржиме добрата тежина, но и нè прави здрави. Видете за што уште освен за симнување на килограми е корисна тиквата.
Повеќе ситост
Семките од тиква се вкусни и се погодни за секој здрав и диетален режим на исхрана. Во една чаша од нив се содржат околу 1,7 грама влакна , а една чаша тиква обезбедува до 3 г од корисните влакна. Влакната се неопходни за одржување на добро варење. Благодарение на нив се намалува ризикот од појава на запек. Препорачан дневен внес на растителни влакна е од 30 до 50 грама.
Затоа е подобро да се вклучи во менито парче печена или варена тиква, особено ако сте на диета. Тиквата создава чувство на ситост, го забавува варењето и го регулира нивото на шеќерот во крвта.
За подобар сон
Сите знаеме дека има храна и пијалоци, кои помагаат да имаме подобар сон. Тиквата е богата со триптофан – аминокиселина која се претвора во серотонин. Серотонинот е невротрансмитер кој ни помага да сечувствуваме подобро, да сме спокојни и среќни. Јадете редовно тиква, и ќе добиете еден исполнет и здрав сон.
За силен имунитет
Семките од тиква се богат извор на цинк, кој е многу важен за организмот, вклучувајќи за зајакнување на имунитетот, за клеточниот раст и делба, за квалитетот на спиењето, расположението, за здравјето на очите и кожата, регулирање на инсулинот и машката сексуална функција.
Нездравата исхрана, транзицијата кон друга сезона, се едни од најчестите причини за слабеење на имунолошкиот систем. Затоа во почетокот на есента додадете повеќе семки кон дневното мени. Така не само што ќе се зајакне имунитетот, но и ќе го намалите ризикот од дефицит на цинк.
Корисна е за очите
Заситената портокалова боја, тикват ја должи на големите количества бета-каротен, кој се претвора во витамин А во организмот. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на очите.
Една чаша тиква содржи над два пати повеќе од препорачаната дневна доза на корисни материи. Тиквата содржи и лутеин и зеаксантин – два антиоксиданси, за кои се смета дека може да го намали ризикот од развој на катаракта. Еве уште една добра причина секој ден да јадете тиква.
Ја прави кожата поубава
Тиквата е богата со два многу важни за здравјето и убавината на кожата витамини, имено витамин А и Е. Кога ја конзумирате, вие ѝ помагате на кожата одвнатре. Овие два витамини се од суштинско значење за синтеза на колаген, но и за заштита на кожата од штетните сончеви зраци.
Од друга страна, пире од тиква е одлично за правење на домашна маска за лице. Кон него може да додадете маслиново масло, лимонов сок, жолчка и други производи, кои се погодни за потребите и типот на вашата кожа.