Како да ослабите а килограмите да не се вратат

popara11 јули, 20241min00
Screenshot_11

Ако сакате да го намалите вишокот на килограми, а да не се здебелите повторно за неколку месеци, најважно е да се откажете од следниве три работи.

 

 

 

Неколку залаци плус

 

Кога веќе се придржувате до одреден начин на исхрана, не дозволувајте си на себе да изедете малку чоколадо, торта, кекс.Ако навистина сакате да изедете само неколку залаци од својот омилен десерт, сигурно нема да се здебелите, но колку навистина ќе се задржите само на неколку?

 

Затоа Тори Џонсон, авторката на книгата „The Shift“ во која ги подели своите искуства во врска со диетите, советува себе си да не се доведувате во искушение за тие неколку залаци плус, туку цврсто да се држите до својата одлука и во потполност да престанете да јадете нездрава храна.

 

Брза диета

 

Диетите кои би требало да ви помогнат да ги намалите вишокот на килограми за само неколку дена, повеќе ви се непријател отколку пријател. На дебелите луѓе им е потребно малку надеж, а нема ништо “подобро“ од диета која ќе ви помогне за три дена да изгледате како некој модел од насловните страни на магазините.

 

Многу од тие диети навистина “делуваат“ – можеби нема да ги симнете килограмите толку брзо, но сигурно ќе ослабете доколку се придржувате до правилата. Меѓутоа, проблемот со таквите брзи диети е што во повеќето случаи не се здрави, но и тоа што килограмите ќе ги вратите побрзо отколку што ви било потребно да ги намалите.

 

Виновник за дебелината

 

Кога е во прашање дебелината, гените тука играат важна улога, но немојте со тоа да се тешите себе си дека имате вишок на килограми поради генетските предиспозиции. Затоа наместо да ја префрлувате вината на гените, запрашајте се што можете да направите за да се исхранувате поздраво – кои продукти да ги избегнувате, кои да ги консумирате почесто, како да бидете повеќе физички активни.

 

Тори Џонсон откако и самата пробала најразлични диети за смалување на вишокот на килограми, тврди дека овие три чекори се клучни доколку сакате трајно да ослабите. Иако на овој начин побавно ги губите килограмите сепак тие нема повторно да се вратат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag