Како и зошто Лиам Пејн падна од третиот кат во хотелот? Што се случило неколку минути пред смртта на познатиот пејач

popara17 октомври, 20241min00
Лиам Пејн

Познатиот пејач Лиам Пејн починал по пад од трети кат, под се уште неразјаснети околности.

Поранешниот член на мегапопуларната група „One direction“ Лиам Пејн паднал од третиот кат во хотел во Буенос Аирес, соопшти локалната полиција. Сè уште се истражуваат околностите под кои починал познатиот пејач, а според неофицијални информации пејачот бил под дејство на алкохол и дрога.

Според локалните медиуми, Лијам направил хаос пред трагедијата, си го скршил лаптопот, а потоа морале да го однесат во собата.

Директорот на Брзата помош Алберто Кресенти рече дека Лијам претрпел „многу сериозни повреди откако паднал од третиот кат во внатрешниот двор“.„Го потврдивме неговиот идентитет користејќи го пасошот што го имаше“, рече тој.

Кресенти изјави за аргентинскиот весник Clarin дека „тимот видел дека тој јасно има фрактура на основата на черепот“.

Неговото тело е пренесено во локалната мртовечница каде ќе биде извршена обдукција.

Инаку, самиот пејач претходно призна дека има проблеми со алкохолот и дека е на рехабилитација.

Имено, тој призна дека поминал одредено време во велнес клиника во САД, во Луизијана, откако во јуни минатата година се појави на подкастот на контроверзниот јутјубер Логан Пол.

Пејачот сега на својот канал на Јутјуб во спотот “I am Back…” откри дека тогаш го допрел дното и дека своето незадоволство го криел со тоа што имал изливи на бес врз најблиските.

– Извинете што бев таков. Знаете дека има неколку причини зошто го направив тоа и едноставно морав да одвојам малку време за себе. Станав некој што дури ни сам себе не се препознавав, а сигурен сум дека и вие не ме препознававте.

Лијам му се заблагодари и на својот шестгодишен син Бер, како и на поранешната партнерка и мајка на неговото дете, пејачката Шерил Кол, за поддршката на патот кон закрепнувањето.

– До тој момент бев во лоша форма. Бев навистина среќен повеќе од било што кога на некој начин морав да го прекинам таквиот начин на живот и работа. Немав телефон скоро 100 дена. Воопшто не бев поврзан со надворешниот свет и тоа ме подготви за тој момент.

Тој исто така нагласи дека кога навистина му требале на помош му дошле колегите од „One Direction“, Хари Стајлс, Ниал Хоран, Луис Томлинсон, па дури и Зејн Малик, а јавно им се извини за контроверзните и непримерни изјави кои ги дал  во моменти кога воопшто не се чувствувал добро.

Сепак, се чини дека пејачот не се вратил на вистинскиот пат, па продолжил да конзумира опијати, што се покажало како фатална одлука.

Лијам тргна по својот пат во 2015 година, откако со останатите членови на бендот „One Direction“ објави дека на нивното заедништво дошло крај, објавувајќи ги вестите ги скршија срцата на милиони обожавателки ширум светот.

Во последните неколку години открил дека многу рано почнал да консумира алкохол, а во одреден период станал зависник и не можел да замисли ниту еден ден да помине без да пие.

Во љубовта моментално уживаше во обновената романса со американската актерка Кејт Кесиди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag