Мадона го „шутна“ своето 40 години помладо момче: Раскина со него поради истиот проблем што ја мачеше со нејзините поранешни момчиња

popara13 ноември, 20241min00
Screenshot_5

Мадона е повторно слободна. Пејачката раскина со 28-годишниот дечко, фудбалерот Аким Морис пишува „Мирор“.

 

 

 

 

Двојката започна да се забавува во јули, кога беше кажано дека уживаат во „огнена романса“ со строги правила поставени од пејачката. Но, на љубовта ѝ дојде крајот неодамна, односно на крајот на октомври.

 

Меѓу поранешните партнери нема лутина, а причината за раскинувањето е иста како и претходните врски на Мадона.

 

„Мадона наиде на истиот проблем со ова момче како и со сите нејзини неодамнешни врски. Разликата во годините стана проблем. Тие доаѓаат од различни епохи“, рекол извор близок до пејачката.

 

Инаку, поранешната двојка наводно за првпат се запознала на фотосесија во 2022 година, но тогаш не се развила романса. Двојката повторно се здружи на почетокот на оваа година, а шпекулациите за романсата се појавија по завршувањето на едногодишната врска на Мадона со Џош Попер (30), со кој јавноста почна да ја поврзува по раскинувањето со Ахламалик Вилијамс (28).

 

Мадона досега беше двапати мажена – првиот пат со актерот Шон Пен (64), а подоцна и со режисерот Гај Ричи (56), со кој има две деца и со кого се раздели во 2008 година.

 

Изворот сега открива дека пејачката е фокусирана со работа на нејзиниот биографски филм, за кој се зборува со години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag