МАЖЕНАТА ЖЕНА ТРЕБА ДА ЗАБОРАВИ НА ОВИЕ 7 РАБОТИ: Дали се согласувате?

popara26 август, 20241min00
676 - 2024-08-26T140017.721

Работите се менуваат кога ќе го кажете судбоносното да, а еве како!

Речиси секоја жена сонува за совршен брак и семејство. За да го постигнеме тоа, потребно е правилно да ги поставиме приоритетите, односно да заборавиме на некои работи кои сме ги правеле пред брак. Истото важи и за мажите!

1. Себичност

Ако сте биле единственото дете во семејството, голема е веројатноста дека сте навикнати да се прави сè по ваш начин. Но, кога ќе се омажите, повеќе не смее да има само „јас“, туку се повеќе „ние“. Треба да заборавите и на навиката секогаш да бидете во право, бидејќи раскинувањето ќе биде неизбежно. За добар брак, важно е и двајцата да бидете подготвени на компромис.

2. Најгрдото женско однесување

Сите имаме моменти на лутина и нервоза, но никој не може да трпи хистерија секој ден поради секоја ситница. Исто така, уцените, изливите на гнев и фрлањето предмети кон партнерот во никој случај не се основа за добар брак.

3. Нерешени конфликти

Одложувањето на проблемите, емоционалната воздржаност и ниската самоконтрола се фактори кои можат да ги убијат и најдлабоките чувства.

4. „Озборување“ на сопругот со странци

Нема причина да ги споделувате вашите тајни и необичности со странци. За тоа има две главни причини – прво, сопругот најверојатно ќе се налути, а второ, општеството ќе го промени мислењето за него, но и за вас.

5. Делење

Денес, многу жени заработуваат исто толку, ако не и повеќе, од мажите. Верувањето дека мажот е задолжен за издржување на семејството е одамна паднат во заборав, затоа не заборавајте дека вашата плата не е ваш личен, туку семеен приход и дека треба да споделувате сè со вашиот сопруг, исто како што тој треба да дели со вас.

6. Ограничена интимност

Да го „шутнете“ сопругот од кревет секогаш кога нешто не ви одговара не е добра опција. Ваквата манипулација брзо ќе му здодее на секој маж и нема да чека долго да ве остави или да бара нежност на друго место.

7. Опсесија

Грижата за саканата личност е сосема нормална, но кога ќе се претвори во опсесија, станува неподнослива. Дајте му време и простор на вашиот сопруг за неговото хоби, дружење со пријателите, читање… Не мора да бидете негова сенка 24 часа на ден и да го знаете секој негов потег.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag