Најевтиниот лек за брчки и опуштена кожа: Маската за лице од зелен чај има 5 супермоќи за кои не сте знаеле

popara10 септември, 20241min00
Маска за лице од зелен чај

Зелениот чај се користи на различни начини, вклучително и како ѓубриво за растенијата, а маската „направи сам“ која го прави лицето мазно, затегнато и хидрирано станува сè попопуларна.

Често слушаме дека зелениот чај е најздрав на светот, иако е тешко да се рангираат чаевите според тоа кој е најкорисен за здравјето бидејќи имаат различни својства и состојки – нема сомнеж дека зелениот е пожелен да го консумирате често.

Бројни научни истражувања докажаа дека содржи корисни биоактивни соединенија, може да ја подобри функцијата на мозокот, помага во согорувањето на мастите, има различни антиоксиданси, помага при лош здив, спречува хронични болести.

Сè почесто е да се слушне дека популарната маска за лице од зелен чај е токму она што ни треба за да го забавиме стареењето на кожата, а медицинската платформа Healthline издвои пет придобивки од користењето на оваа маска.

Превенција на рак на кожата

Зелениот чај содржи полифеноли и шест различни видови катехини, кои имаат антиоксидантни својства. Антиоксидансите се молекули кои се борат против слободните радикали, соединенија кои можат да му наштетат на телото, здравјето и кожата доколку нивното ниво е превисоко. Тие можат да предизвикаат оштетување на клетките и се поврзани со многу болести, вклучително и рак.

Според една студија објавена во 2010 година во Архивата за биохемија и биофизика, антиоксидантната моќ на катехинот EGCG (епигалокатехин галат) може да помогне во поправка на оштетувањето на ДНК предизвикано од ултравиолетовите зраци на сонцето, што може да помогне во заштитата од немеланомски рак на кожата.

Се бори против предвременото стареење

Студијата од 2003 година покажа дека гореспоменатиот антиоксиданс, кој го има во изобилство во зелениот чај, може да ги подмлади клетките на кожата кои умираат. Со заштита и поправка на клетките, може да се бори со знаците на стареење и да направи кожата да изгледа поздрава.

Витамините во зелениот чај, особено витаминот Б2, исто така можат да ја зачуваат младоста на кожата, а Б2 има способност да го одржува нивото на колаген, што придонесува за цврстина на кожата.

Го намалува црвенилото и иритацијата

Зелениот чај има и антиинфламаторни својства, благодарение на неговата висока содржина на полифеноли. Така, може да помогне при иритации на кожата, црвенило и отоци, како и да ги ублажи изгорениците од сонце.

Се вели дека зелениот чај помага при иритација и чешање предизвикани од псоријаза, дерматитис и розацеа, како и со келоиди.

Помага при акни

Антиоксидантните, антиинфламаторните и антимикробните својства на зелениот чај го прават ефикасен третман за акни и мрсна кожа.

Полифенолите, кога се нанесуваат на кожата, помагаат да се намали лачењето на себум, што доведува до појава на акни, а дополнително се бори против инфекцијата со тоа што ги оштетува бактериските мембрани.

Ја навлажнува кожата

Зелениот чај содржи неколку витамини, вклучувајќи го и витаминот Е, кој е познат по тоа што ја храни и хидрира кожата.Во една студија објавена во 2013 година во медицинското списание Dermatologic Therapy, учесниците применуваа експериментална формулација на екстракт од зелен чај на подлактицата 15 и 30 дена. На крајот од студијата, истражувачите откриле дека кожата на учесниците има зголемена влажност и е помалку груба.

Рецепт за маска за лице од зелен чај

Состојки:

1 лажица зелен чај
1 лажица сода бикарбона
1 лажица мед
вода (опционално)

Подготовка:

Сварете шолја зелен чај, а потоа оставете ја кесичката да отстои околу еден час. Кога кесичката чај ќе се олади, отворете ја и извадете ги исечканите листови зелен чај. Ставете ги во помал сад, додадете сода бикарбона и мед и направете паста. Ако е премногу густа, додадете неколку капки вода.

Начин на употреба:

Исчистете го лицето за да им помогнете на состојките да навлезат во кожата, а потоа нанесете ја маската рамномерно на лицето и нежно масирајте ја за да ги отстраните мртвите клетки од кожата и нечистотијата од порите. Оставете ја маската да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Нанесете еднаш до три пати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag