НЕКОИ ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДАТ: Неколку причини зошто е добро да патувате САМИ

popara15 октомври, 20241min00
Screenshot_11

Луѓето кои првпат биле на патување сами го опишуваат ова доживување речиси како религиозно искуство.

 

 

Патувањето без друштво ќе ве ослободи од многу притисоци, ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си, ќе ви даде поинаква перспектива на животот. Ова се само дел од причините зошто треба да патувате сами барем еднаш во животот.

 

Секако, тргнувањето на пат сосема сами носи и ризици, па затоа, како и за секое друго патување, треба да бидете добро подготвени и организирани.

 

Зошто треба да патувате сами?

 

Соло авантурите ви овозможуваат да си истерате ќеиф што можеби не би можеле да го уживате ако патувате со друштво, со партнер или со семејството. Секоја грешка е лекција, а секој триумф е уште повозбудлив. Не правите отстапки и компромиси, може да го смените планот кога сакате, да се задржите некаде подолго или да си заминете ако не ви се допаѓа.

 

Одлична можност е да запознаете нови луѓе, да ја истражите културата и локалните обичаи на местото каде што сте отишле, да го разбудите авантуристот во себе.

 

Од друга страна, имате време за размислување, анализирање, ретроспекција и запознавање на вистинското „јас“ во секоја смисла.

 

Ако уште не сте убедени, слушнете ги искуствата на луѓе кои патуваат сами и уживаат во тоа:

 

Совети како безопасно да патувате сами

  • Секако, не треба да бидете безгрижни или немарни, особено ако патувате во странска земја во која не сте биле претходно.

 

  • Кога патувате сами сте полесен „плен“ на измамници и криминалци, а исто така сте оставени сами на себе ако имате здравствен проблем.

 

  • Токму затоа треба да бидете добро подготвени, да истражите сѐ што можете за земјата во која патувате и да се опремите за (речиси) секоја ситуација.

 

  • Ова се неколку совети за сите почетници во соло авантури:

 

  • Букирајте хотел/мотел/хостел/ A‌i‌r‌b‌n‌b‌ сместување што има прием 24 часа, па ако стигнете подоцна од планираното да може да се сместите во секое време и да не мора да спиете во автомобил, на станица или полошо.
  • Вие сте си најдобриот советник – ако интуицијата ви кажува да не направите нешто, не го правете.
  • Носете повеќе документи за идентификација на различни места (со себе, во ранецот, во куферот…)
  • Движете се самоуверено и со зацртана цел, како да сте дел од градот што го посетувате.
  • Лажете малку. Кога барате насоки, не се „издавајте“ дека сте сами – речете дека треба таму да се најдете со некого.
  • Проверете ги мапите и распоредите за транспорт пред да тргнете. Ништо не вели „изгубен турист“ повеќе од некој кој е закопан со погледот во мапата или телефонот и се џари наоколу.
  • Пратете им го распоредот на вашето патување на пријатели и членови на семејството и редовно информирајте ги дека сте стигнале безбедно на одредената дестинација. Една порака, мејл или краток видеочет се доволни.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag