Не ви требаат груби хемикалии: Неколку трикови за чистење на теписите со помош на состојки од кујната

popara4 септември, 20241min00
Screenshot_8

Постојат неколку начини, од хемиско чистење, преку моќни машини (обични или на пареа) кои можете да ги изнајмите и сами да ја завршите работата или да ангажирате експерти.

 

 

 

Сепак, во повеќето случаи, на нашите теписи не им е потребна итна помош од професионалци, па можеме сами да ги исчистиме подетално, речиси длабински.

 

За почеток

Тргнете го мебелот од тепихот и добро исчистете го неколку пати. Доколку е потребно, четкајте со влажна четка. Не заборавајте дека за време на пролетното чистење многу ќе ви ја олесните работата доколку во текот на месецот темелно (најмалку еднаш неделно) ги чистите теписите.

 

Длабинско чистење

Проверете за дамки. Ако ги видите пред длабокото чистење, прво третирајте ги дамките. Одличен трик за отстранување дамки од теписи се крие во тајната на пеглата.

 

Имено, потребно е да се измеша оцет и вода (во сооднос 1:2), да се стави во шише со распрскувач и добро да се испрска каде што има дамки.

 

Над секоја дамка ставете сува крпа, над неа поминете со пегла (вклучете ја опцијата за пареа) и пеглајте го тој дел од тепихот околу 30 секунди. Само внимавајте да не пеглате директно на тепихот.

 

Ако дамката е тврдокорна, можете да го повторите процесот уште неколку пати, но дефинитивно е ефикасен.

 

Метода „направи сам“

За чистење на тепихот не ви требаат специјални алатки. Можете да го користите она што веќе го имате во домот.

 

Испрскајте го тепихот со веќе споменатата смеса од оцет и вода (за поубав мирис можете да додадете и неколку капки есенцијално масло по избор), оставете да делува 10 минути, а потоа истријте сè со влажен пешкир или помека четка. Потоа исчистете со правосмукалка за да ги соберете влакната и трошките што испливале на површината.

 

Наместо оцет и вода, можете да користите и газирана вода, само немојте премногу да го натопувате тепихот. Сѐ што треба да направите е малку да го навлажните, да го оставите да делува 10 минути, па да го истриете и да ја соберете влагата со суви пешкири.

 

Ако немате сила или време за чистење, тогаш само измешајте еднакви делови од сол, боракс и оцет, втријте на дамката или целиот тепих или дел и оставете да се исуши. Потоа само усисајте.

 

За помали дамки може да помогне и само мешавина од вода и детергент за садови. Втријте во дамката, исплакнете со вода (избришете неколку пати со влажна крпа), исушете.

 

Сода бикарбона или пченкарен скроб се користи за хемиско чистење на природен начин (предлагаме да ги мешате со сушени цветови од лаванда или малку есенцијално масло за подобар мирис). Теписите посипете ги со сода или скроб, оставете да делува најмалку 5 минути, па добро исчистете со правосмукалка.

 

Одржување

Без оглед на начинот на чистење што ќе го изберете, оставете ги теписите добро да се исушат пред да го вратите мебелот. Можете да ја одржите свежината на тепихот користејќи природен освежувач.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag