Помагаат во намалување на стресот и подобрување на концентрацијата: Кучињата навистина се најдобриот пријател на човекот

popara18 март, 20241min00
1702488902-pexels-brixiv-4459788-750x502

Кучињата можат да им помогнат на луѓето да го намалат нивото на стрес и да ја подобрат концентрацијата и креативноста, сугерира новата студија на истражувачите од Универзитетот Конкук во Сеул.

Со помош на електроенцефалографија (ЕЕГ), истражувачите ја следеле активноста на мозокот на 30 здрави возрасни лица додека тие се занимавале со различни активности со кучињата, имено „се среќаваат, играат, ги хранат, масираат, дотеруваат, фотографираат, гушкаат и шетаат“.

Научниците открија дека различните типови на интеракции имаат различни ефекти врз субјектите.

Играњето со, масирањето и дотерувањето на кучињата резултирало со зголемени бета-мозочни бранови кај учесниците, „што укажува на зголемена концентрација без стрес“, се вели во студијата објавена во списанието PLOS One. „Играњето со кучето имаше особено позитивно влијание на опуштањето и концентрацијата“, додаваат тие.

Шетањето на кучето имало значително влијание на опуштањето, покажа мерењето на моќта на алфа мозочните бранови.

Резултатите покажуваат дека „специфичните активности на кучињата би можеле да активираат посилна релаксација, емоционална стабилност, внимание, концентрација и креативност преку олеснување на зголемената активност на мозокот“, велат истражувачите Онјо Јо, ЈуТонг Ву, Џин Со Хан и Син-Ае Парк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag