Актерот вешто се обидува да го сокрие приватниот живот од светот, но не и убавата Јулија.
За прв пат откако почнаа гласините дека холивудскиот шармер Џони Деп си нашол нова девојка, се појави нивна заедничка фотографија.
Целиот свет го следи Џони Деп (61) и неговиот љубовен живот, особено откако судењето за развод со својата поранешна сопруга Амбер Херд го доби во своја полза. Како што наведуваат одредени доверливи извори, од тој период Џони решил да се фокусира на себе, своето здравје и „слободата“.
Меѓутоа, неодамна се проширија шпекулации дека познатиот актер е во врска со многу помлада манекенка. Имено, манекенката Јулија Власова (28) го заведе Џони, но тоа се уште не е официјално потврдено. Иако не се рекламираа, но папараците добро си ја завршија работата, никој не верува дека Џони и одолеал на убавата русокоса.
Се чини дека имал повеќе среќа од неговиот колега Леонардо ди Каприо кога станува збор за јавната „критика“ за разликата во годините.Нова фотографија од нив двајца дојде од нејзиниот Инстаграм профил, кога објави како се сликаат во прегрнати.
Јулија Валсова пораснала во руска провинција во близина на Екатеринбург. Нејзиниот татко е само четири години помлад од Џони, но се чини дека тоа не е пречка за овој пар.
Во август 2021 година за прв пат се сретнаа на филмски фестивал и се чини дека од тој фестивал се во контакт.
Познато е дека манекенката и Деп се дружеа во јули 2022 година на концертот на неговиот покоен пријател Џеф Бек во Прага, каде манекенката го отвори својот салон за убавина.
Прашање е дали ова е мала, но вистинска потврда за нивната љубов. Обожавателите му „простуваат“ на актерот за големата разлика во години, бидејќи, како што наведуваат на мрежите – тој има право да биде среќен по бракот со Амбер.