Актерот Ал Пачино (84) минатата година доби син со Нур Алфалах (30), а сега се појавија и првите фотографии од наследникот на актерот.
Пред да влезе во љубовна врска со Пачино, Нур (30) излегуваше со фронтменот на групата „The Rolling Stones“ Мик Џегер (81).
Нур вчера беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес додека уживаше во семејната прошетка и јавноста ја доби првата шанса да го види наследникот на Ал за кој сите велат дека е истиот татко.
Пред нешто повеќе од една година двајца големи пријатели од светот на Холивуд станаа татковци и двајцата во осумдесеттите.
Во прашање се Роберт Де Ниро и Ал Пачино. И додека ќерката на Де Ниро, Гиа е дури 53 години помлада од најстарата наследничка на актерот, ситуацијата е малку поблага со неговиот колега.
Ал Пачино го доби своето прво заедничко дете со избраничката Нур Алфалах,која е 54 години помлада, синот Роман, кој е „само“ 33 години помлад од неговата најстара полусестра Јулија.
Вчера на интернет се појавија првите фотографии од малиот Роман, кој, навистина потсетува на својот славен татко. Најмладиот наследник на Пачино уживаше во прошетка со својата мајка и нејзиното семејство, а папараците внимателно ги следеа зад нив.
Нур изгледаше опуштено додека шеташе во Лос Анџелес со родителите и сестрите во соодветни лежерни комбинации.
Минатата година Нур се најде во центарот на шпекулациите кога во јавноста се рашири приказната за тоа како актерот кој пречека наследник во деветтата деценија од својот живот, всушност не е негов биолошки татко.
И покрај сите приказни, холивудскиот заводник и неговата избраничка во неколку наврати беа видени како се држат за рака, а се чини дека ништо не може да ја наруши нивната семејна идила.За потсетување, осумдесет и четиригодишниот актер има четири деца: најстарата Јулија има 34 години, додека близнаците Антон и Оливија имаат и двајцата по 23, а најмалиот член во семејството Пачино има само една година.