СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОВИЕ ДАТМИ НОСАТ СРЕЌА И ПРОСЕРИТЕТ Еве кога точно треба да ја украсите елката

popara12 декември, 20241min00
Screenshot_5

Во целиот свет, како и кај нас, веќе е воспоставен обичај за Нова година да се украсува зимзелено дрво и на тој начин да се внесе дел од природата низ празничната атмосфера во секој дом. Изборот не случајно паднал на елката!

 

 

 

 

Иако нема цврсти докази за тоа, се верува дека украсувањето на новогодишната елка како што ја знаеме денес започнало во Германија во 16 век, кога побожните христијани донеле зимзелени растенијаво своите домови, а потоа ги украсувале.

 

Зимзелени дрвја не се избираат случајно! Древните цивилизации верувале дека со внесувањето растенија во своите домови, тие му оддаваат почит на Богот на Сонцето и се радуваат на зеленилото што ќе процвета кога тој ќе се појави во сета своја слава напролет. Римјаните ги украсувале своите домови и храмови со зимзелени видови во чест на Сатурн, Богот на земјоделството. Келтските свештеници ги украсувале храмовите со зимзелени растенија кои претставувале симбол на вечниот живот.

 

Денес, иако не постои точен датум или временски рок за китење на новогодишната елка, експертите имаат неколку совети кои можат да ви помогнат во носење на одлуката.

 

Традиционално, елката не се поставувала и китела пред 31 декември, но многумина својата елка ја украсуваат 12 дена пред Нова година, додека во поедини земји таа се поставува на празникот Свети Никола.

 

Од друга страна, стручњаците советуваат дека елката не се поставува многу порано, туку една до две недели пред Нова година, за да не ги изгуби свите иглички и да не се исуши.

 

Со ова мислење не се согласуваат лицата кои ги одгледуваат и тврдат дека е најдобро да се земаат елките што е можно порано бидејќи тие се сечат во средината на ноември и подобро е што поскоро да се стават во вода.

 

Секако, доколку користите пластична елка, може да ја поставите и порано.

 

Сепак, доколку мислите дека пластичната елка е подобар избор, токму поради избегнување на гореспоменатите проблеми – се лажете.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag