Лубеницата е омиленото летно овошје кое често го консумираме во големи количини за да се разладиме во топлите денови.
Ова сочно овошје, кое содржи околу 92 отсто вода, припаѓа на семејството на тиквички и има бројни здравствени придобивки. Освен што е вкусна, лубеницата не содржи масти, богата е со витамини А, Б6 и Ц, како и со калиум и корисни растителни соединенија како ликопен и цитрулин.
Интересно е што лубеницата се смета и за овошје и за зеленчук, а поради високата содржина на влакна е одлична за слабеење. Сепак, важно е да не се претера со внесувањето на ова овошје, бидејќи може да предизвика некои несакани нуспојави.
Несакани ефекти од прекумерно консумирање на лубеница:
Дигестивни проблеми: лубеницата е богата со вода и диетални влакна, но консумирањето во големи количини може да предизвика дигестивни проблеми како што се дијареа, надуеност и гасови.
Сорбитолот, соединение на шеќер во лубеницата, може да предизвика течна столица и гасови. Исто така, ликопенот, пигментираниот антиоксиданс кој и дава црвена боја на лубеницата, може да предизвика дигестивни проблеми.
Мора да бидете внимателни
Зголемување на нивото на гликоза: Луѓето со дијабетес треба да внимаваат на количината на лубеница што ја јадат, бидејќи високиот гликемиски индекс на ова овошје (72) може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, пишува Klix.ba.
Ризик од воспаление на црниот дроб: Луѓето кои често консумираат алкохол треба да избегнуваат големи количини на лубеница бидејќи високото ниво на ликопен може да реагира со алкохол и да предизвика воспаление на црниот дроб. Прекумерниот оксидативен стрес на црниот дроб може да биде штетен.
Труење со вода: Труењето со вода се јавува кога телото има премногу вода, што може да доведе до губење на натриум. Прекумерното консумирање лубеница може да го зголеми нивото на водата во телото, што може да предизвика отекување на нозете, исцрпеност, слабеење на бубрезите и други проблеми. Исто така, може да има намалување на натриумот во телото.
Иако лубеницата има многу здравствени придобивки, важно е да се консумира умерено за да се избегнат овие потенцијални несакани ефекти.