Маслото од лимонова трева е најефикасно во отстранување на непријатни мириси, а ако сакате вашата гардероба да мириса суптилно, тогаш посегнете по есенцијалното масло од рузмарин, мента или лаванда.
Направете домашен освежувач на облеката
Ставете чаша до две ориз во тегла. Додадете десет до 20 капки од омиленото есенцијално масло. Покријте и добро протресете за да го распоредите маслото рамномерно врз зрната. Извадете го капакот, а потоа покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента. Ставете ја во плакарот меѓу облеката. Кога ќе забележите дека мирисот е послаб, само повторно протресете ја теглата. Во зависност од количината на влага во просторијата, оризот ќе испушта мирис помеѓу четири и шест месеци. Овој метод е многу подобар избор отколку да купувате мириси за плакари полни со хемикалии. Може да ставите таква тегла исполнета со миризлив ориз во некој агол од домот, дневната соба или бањата, така што просторот секогаш мириса пријатно.