Новиот тип на тест наречен „Галери“ може да открие повеќе од 50 видови на рак преку едно земање крв и пред лицето да добие какви било симптоми.
Според Healthline, тестот може да покаже и каде се наоѓа ракот. Пред седум години, научниците од Илумина, компанија за секвенционирање на ДНК во Сан Диего, спроведоа истражување во потрага по фрагменти на ДНК во крвта на бремени жени што може да укажуваат на хромозомски абнормалности.
Така, сосема неочекувано, наместо хромозомски нарушувања, во 10 примероци крв пронашле некои абнормалности на ДНК. Истражувајќи понатаму, истражувачите откриле дека на еден од 10 учесници всушност му бил дијагностициран рак, а вториот од таа група исто така имал рак – и покрај фактот што немал никакви симптоми.