Од исклучителна важност е често да се дезинфицираат дрвените штици, бидејќи во нив може да навлезат ситни честички од храна, а тоа е погодна почва за размножување на бактерии. Исто така, овој трик ќе ги отстрани трагите од ножот.
Се што ви треба е лимон, крупна морска сол и кокосово масло. Старата изгребана табла на која сакате да сецкате храна ќе биде добра како нова. Покрај тоа, оваа постапка исто така ќе ја дезинфицира.
Најпрво исечете го лимонот на половина, ставете сол на даската и добро истријте со лимонот – така ќе ја изедначите површината на даската за да не се видат трагите од сечењето со нож, а ќе уништи и некои микроорганизми на површината. Кога ќе завршите, избришете ја таблата.
Следниот чекор е полирање со кокосово масло. На даската ставете една лажичка масло и добро истријте ја со чист сунѓер или крпа.
Постојат два други едноставни начини за дезинфекција на дрвена даска за сечење, особено ако имате навика да обработувате месо на неа.
Еден начин е да ја исчистите со оцет – нанесете оцет, тријте и оставете десет минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Вториот метод е сличен, само користете сода бикарбона – посипете сода на даската, потоа прелијте ја со оцет, оставете да отстои десет минути и исплакнете ја со топла вода.