После викендот често пати ни се случува повеќе да сме изморени отколку одморени. Ова е најчесто така кога пиеме алкохол. Чашка по чашка кој…
…размислува за утрото потоа. Се будите рано сабајле за да ја изгаснете жедта, а до крајот на денот едвај отворате уста.
Како да ја поправите штетата направена на журката минатата вечер? И како вешто да го избегнете мамурлакот?
- Подготовка
Ако знаете дека ве чека добра забава на која ќе испиете поприлично доволна количина алкохол, морате да го подготвите организмот однапред. И сами знаете дека алкохолот и тоа како тешко му паѓа на празен желудник.
Затоа никогаш немојте да пиете на празен желудник. Кога е храната во прашање одберете потешка и помасна.
Што мислите, зошто германците јадат колбаси, компири и големи порции масно месо? Па треба ли пивото да лизга полесно?!
Учете од најдобрите. Месо, компири, лосос и многу маслиново масло ќе ве подготват одлично. За да избегнете дехидрација пијте голема количина минерална и обична вода во текот на целиот ден.
- Додека се забавувате
Потребно е да пиете паметно. Да, и тоа е возможно. За да го намалите или спречите мамурлакот внимавајте што пиете.
Колку е поквалитетен пијалакот, толку е полесно на желудникот. Сетете се само на своите први пијанства со евтино вино и ракија.
Помогнете му на телото со чашка вода после секоја чашка алкохол. Ќе ја спречите дехидрацијата, една од главните причини затоа што ни е лошо наредниот ден.
Пред да си легнете, ставете шише вода покрај креветот. Во текот на ноќта организмот ќе бара помош. Може да ставите и аспирин во неа. И задолжително спијте во проветрена соба.
- Утрото потоа
За да застанете побрзо на нозе, потребно е да доручкувате порано. Колку и да ви делува мачно самата помисла, на организмот му се потребни состојки кои ќе му помогнат да дојде при себе.
Лесен омлет, салата, корн флекс, двопек со сирење и јогурт… Ако навистина не можете да јадете напијте се свеж цеден сок од портокал.
Избегнувајте кафе затоа што дополнително го дехидрира вашиот организам. Може да ви помогне чаша млеко. Прошетајте се на свеж воздух и туширајте се неколку пати во денот.
И да – не верувајте многу на КЛИН СО КЛИН СЕ ИЗБИВА! Вашето тело нема да биде среќно!