Хејли Бибер за бременоста: Откри што јаде, како се справила со мачнините и зошто решила да ја објави радосната вест

popara24 јули, 202415min00
Хејли Бибер

Американската манекенка го очекува своето прво дете со сопругот Џастин Бибер, а се уште не е познато кој пол е бебето и кога точно треба да се роди.

Откако кон средината на мај откри дека го очекува своето прво дете со сопругот, музичарот Џастин Бибер, Хејли Бибер и понатаму е во центарот на вниманието. Иако ретко споделува информации за нејзиниот приватен живот со медиумите, американската манекенка и претприемач се појави на насловната страница на магазинот W и во опширно интервју проговори за утринските мачнини, исхраната за време на бременоста и зошто ја криела радосната вест за нејзиното бебе.

 

„Иако можев да ја кријам бременоста до самиот крај, не го сторив тоа. Криењето на таа информација почна да ми претставува голем извор на стрес и не можев целосно да уживам во тоа“, вели 27-годишната Хејли која имала силни мачнини во првиот триместар.

„Не разбирам зошто ги нарекуваат утрински мачнини затоа што гадењето ми траеше цел ден во првите три месеци“, рече идната мајка, која се обидува да консумира што е можно повеќе протеини, вклучувајќи јајца, пилешко и стекови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by W Magazine (@wmag)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by W Magazine (@wmag)

Таа, исто така, ужива во подготвената храна од продавницата за здрава храна во Лос Анџелес, Erewhon – омилена на славните личности – и популарниот здрав пијалок комбуха. Сепак, таа признава дека најмногу внимание посветува на желбите во бременост бидејќи, како што вели, слуша што сака нејзиното бебе. „Се грижам за тоа што јадам. Ако, на пример, еден ден копнеам за пица, тогаш ќе ја јадам без никакво каење“, додава Хејли, која вели дека е вистински гурман и си дозволила уште еден одличен луксуз – ангажирала приватен готвач кој ги подготвува сите јадења што таа ги сака.

image

Ова ќе им биде прво дете на неа и Џастин Бибер, а радосната вест ја открија на социјалните мрежи објавувајќи емотивни фотографии и видео кое ги воодушеви нивните следбеници. Славниот пар објави и видео од обновувањето на заветот.

 

Хејли носеше бел фустан од тантела од Ralph Laurent, додека Џастин се одлучи за полежерен изглед. И двајцата отсекогаш отворено зборувале за нивната голема желба еден ден да станат родители, а 27-годишната манекенка во 2021 година признала дека долго време сонувала да стане мајка.

„Отсекогаш знаевме дека сме усогласени за она што го сакаме во нашата иднина. Зборувавме дека сакаме да се венчаме млади, да имаме семејство и да градиме заеднички живот. Дури и пред да знаеме дека сакаме да бидеме еден со друг“, рече таа на време во интервју.

Таа и пејачот се венчаа кон средината на 2018 година во градското собрание на Њујорк, но извесно време криеја од јавноста дека го кажале судбоносното „да“. Сепак, сè беше откриено на 30 септември кога направија голема венчавка за пријателите и ветија вечна љубов во капелата Сомерсет во Блафтон, Јужна Каролина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag