Што е МИНД ДИЕТА? Мешавина од два начини на исхрана

popara13 ноември, 20241min00
Screenshot_6

MIND диетата е микс од двете најздрави диети на светот, а со овој начин на исхрана ќе ги преродите телото и умот

 

 

 

 

MIND диетата или диета за умот, како што гласи името, е создадена за да промовира здравје на умот и да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.

 

Секако, како и секоја диета ќе ви помогне да ги симнете и вишокот килограми, но и да си ја подобрите општата здравствена состојба. Станува збор за мешавина од медитеранска исхрана и DASH диета – двете диети за кои научно е потврдено дека значително го подобруваат здравјето ако се применуваат правилно.

 

Оваа диета ја развила нутриционистичкот епидемиолог Марта Морис во медицинскиот центар на Универзитетот Раш, со помош на истражување финансирано од страна на Националниот институт за стареење. Тоа значи дека станува збор за многу сериозна, научно поткрепена диета, докажана и во пракса.

 

Основната цел на истражувањето била да се пронајде начин на исхрана што би помогнал да се намали ризикот од Алцхајмерова болест, како и од други болести со слична природа. И навистина успеале да создадат добра и квалитетна диета што ги исполнува сите овие барања.

 

Испитувајќи ги ефектите на двете најдобри диети на светот – медитеранската и DASH, Морис создала нова диета што го зема најдоброто од двете споменати диети. Медитеранската исхрана се фокусира на јадење што поприродна храна, додека го ограничува внесувањето нездрави маснотии и црвено месо.

 

Диететската исхрана DASH (прехранбен пристап за сопирање хипертензија), има цел позитивно да влијае врз покачениот притисок. Се фокусира на храна што може да ја намали количината на внесен натриум, да ја зголеми количината на внесени корисни намирници и со тоа да помогне за снижување на крвниот притисок.

 

Диетата MIND препорачува јадење 10 намирници дневно и одбегнување 5 вида храна.

 

Еве кои намирници се препорачуваат:

  1. Зелен листест зеленчук

 

  1. Зеленчук

 

  1. Зрнесто овошје, особено боровинки

 

  1. Јаткасти плодови

 

  1. Мешунки (разни видови грав, леќа и слично)

 

  1. Вино

 

  1. Интегрални житарки

 

  1. Риба

 

  1. Месо од живина

 

  1. Маслиново масло

 

Петте забранети намирници се:

  1. Похувана или брза храна

 

  1. Црвено месо

 

  1. Сирења

 

  1. Путер и маргарин

 

  1. Десерти и слатки, како и сите сокови и пијалаци со додаден шеќер или вештачки засладувачи

 

Правила за MIND диета:

  • Консумирајте три порции од интегрални житарки дневно.
  • Секој ден јадете свежа салата.
  • Јадете различни видови зеленчук секој ден.
  • Пијте 1 чаша вино секој ден.
  • Во период од една недела гледајте барем 3-4 ужини да содржат јаткасти плодови.
  • Јадете мешунки секој ден.
  • Консумирајте месо од живина и зрнесто овошје најмалку двапати неделно.
  • Консумирајте риба најмалку еднаш неделно.
  • Нездравата храна е дозволена, но еднаш неделно, со исклучок на путерот.
  • Путерот е дозволен секој ден, но само по 1 лажица дневно.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag