4 ЗНАЦИ ДЕКА ЖЕНАТА ВЕ ИЗНЕВЕРУВА Длабоко вдишете и запознајте се со причините

popara4 септември, 20241min00
569013_ljubav_f

Луѓето изневеруваат од безброј причини, при што мажите повеќе од жените веруваат дека постојат одредени ситуации во кои изневерувањето на партнерот е прифатливо, според истражувањето на „BBC“…

Генерално, 83 проценти од возрасните во Обединетото Кралство се согласиле дека чувствуваат значителна одговорност да му бидат верни на својот партнер. И додека 80 отсто од анкетираните жени се согласиле дека никогаш не е прифатливо да го изневерувате партнерот, „само“ 64 отсто од мажите се согласиле со таа изјава, пренесува „The Sun“.

Изневерувањето е причина број еден за развод, а студиите покажуваат дека и мажите и жените како некои од причините за изневерување ги наведуваат досадата, потрагата по возбуда и одмаздата. Но, број еден зошто жените изневеруваат не е всушност сексот, тоа е чувството на емоционално лишување. Жените често се неверни затоа што се чувствуваат осамено или им пречи што партнерот ги зема здраво за готово. Сакаат повторно да се чувствуваат посакувано и почитувано. А многу жени дури велат дека изневеруваат за да ја спасат својата врска.

Промени вредни за забележување

За сите оние кои се сомневаат дека партнерката ги изневерува, еве некои од знаците на кои треба да внимаваат. Но, не треба да заборавите дека само затоа што се сомневате во прељуба, не значи дека тоа навистина се случува. За која било од овие промени, сосема е можно да има сосема безопасно објаснување.

  • Одеднаш станува помалку приврзана или нежна (или повеќе од вообичаено)
  • Промени во нејзината вообичаена рутина: ако почне постојано да доаѓа дома од работа подоцна или да оди на чести деловни состаноци
  • Станува многу таинствена за нејзините навики на телефон и интернет: може да ги смени лозинките, да го скрие телефонот или да почне да се јавува во друга соба.
  • Почнува да носи повеќе шминка или парфем без некоја очигледна причина или да се облекува привлечно кога излегува со своите пријателки, што не било случај порано.

Љубомората е болна и го отежнува рационалното однесување, додаваат експертите. Иако партнерот тогаш често реагира афектно, тоа не му помага ниту на него ниту на врската. Напротив, тоа само ќе ја избрка партнерката. Затоа, земете длабок здив и наместо тоа разговарајте со неа. Од неа треба да се побара да биде искрена. Доколку признае дека го изневерувала партнерот и двајцата сакаат да го преболат тоа и да ја зајакнат врската, она што треба повторно да се изгради е довербата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag