Можеби не можете ни да си замислите некој да ве изневерува, заблудува или ве лаже без грам совест, распространува лаги и измислици за да ушништи нечија репутација или се прави дека е нешто што не е за да им наштети на другите (физички, материјално, емоционално…) Сепак, знаеме дека такви луѓе постојат. Според следните 5 знаци можете да препознаете дека си имате работа со луѓе со расипано срце, и ако препознаете некои такви, би било добро да се оттргнете од таквите луѓе.
- Луѓето со лошо срце се специјалисти во сеењето заблуди, во водењето спорови и расправање. Тие:
– Ги извртуваат фактите
– Лажат
– Бегаат од одговорност
– Ја одрекуваат реалноста
– Исмислуваат случки
– Ги задржуваат информациите за себе
- Луѓето со лошо срце се експерти во измами над други луѓе, служејќи се со ласкања и убави зборови
Но, ако ги погледнете плодовите на нивниот живот или ако ги заслушате нивните зборови, ќе видите дека таквите личности никогаш не се менуваат, не растат и не се развиваат. Нивниот живот е илузија, а душевна храна им е страдањето на други луѓе.
- Луѓето со лошо срце секогаш сакаат да ги контролираат другите луѓе, а тие самите си се најголем авторитет за себе.
Отфрлуваат обратна информација и градивна критика, сами создаваат правила по кои живеат и не обрнуваат внимание на моралните норми.
- Луѓето со лошо срце често играат на картата на симпатиите на добродушните луѓе со цел да ги заблудат.
Тоа изгледа вака: бараат милост и сочувствување, а самите не нудат такво нешто. Бараат топлина, прошка и интимност од човекот кому му згрешиле, но без сочувство кон болката која му ја предизвикале и без вистински намери да го поправат тоа што го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.
- Луѓето со расипано срце немаат совест и не знаат за каење
Тие дури и немаат намера да се борат против својата злоба. Всушност, тие живеат со неа под маската на благороден карактер.