
Актерката Анџелина Џоли е позната по својот елегантен стил, а столбот на нејзините комбинации се претежно минималистички, префинети и безвременски парчиња кои се издвојуваат од минливите трендови. Прославената актерка неодамна пристигна на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, каде што доби почесна награда, а за таа прилика избра навистина беспрекорна комбинација. Познатата оскаровка блесна во класична беж тоалета која комбинира елеганција и сексапил, а во преден план беа нејзините провокативни тетоважи…
На Анџелина Џоли и беше доделена почесната награда „Maltin Modern Master Award“ на 40-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара.
За оваа посебна пригода, убавата 49-годишна актерка избра издание кое комбинира удобност, елеганција и сексапил.
View this post on Instagram
Поранешната сопруга на актерот Бред Пит беше олицетворение на елеганција во беж свилен фустан со отворен грб,додека нејзините секси тетоважи беа во прв план.
View this post on Instagram
Холивудската убавица својот изглед го комплетираше со бело сако кое и беше ставено преку рамениците и неколку дискретни парчиња накит со потпис од Ник Армстронг.