
Потребно е:
6-7 компири
2 моркови
1 пиперка
1 кромид
сол
бибер
слатка пиперка
сув зачин
магдонос
1 лажица брашно
Подготовка:
Попржете ги морковите исечени на прстени. Додадете сецкан кромид и пиперка и пржете уште неколку минути. Измешајте ги компирите исечкани на коцки и зачинете по желба. Добро поклопете, па оставете да се динста уште неколку минути. Внимавајте да не изгори зеленчукот, па сипете со вода, поклопете и варете околу 20 минути. Помешајте една лажица брашно со вода, па додајте ја во супата. На крај посипете со магдонос.