
Извор близок до парот ја потврди среќната вест за странските медиуми, откривајќи дека породувањето на 44-годишната манекенка поминало без проблеми.
Семејството на една од најуспешните бразилски манекенки Жизел Бундхен (44) доби ново принова.Познатата убавица го роди своето трето дете, а прво со партнерот Хоаким Валенте (35). На Жизел и на бебето им е добро и сите се здрави и среќни, пренесува TMZ.
Детали за полот и името на детето кое се роди деновиве се уште не се познати, а среќните родители се уште не се изјасниле. Во октомври минатата година беше откриено дека манекенката и тренерот на џиу-џицу го очекуваат своето прво заедничко дете, а извори блиски на парот потоа открија за TMZ дека тие решиле да го дознаат полот на бебето дури за време на породувањето, на Жизел и честитал и нејзиниот поранешен сопруг Том Брејди (47), близок извор на Page Six му го потврдил сето тоа, а тој наводно отишол и кај неа лично да и посака среќа.
Жизел и Том беа еден од најпознатите парови во САД, се венчаа во 2009 година и имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (11). Иако изгледаа како хармоничен пар, пред три години објавија дека се разведуваат, наведувајќи различни животни приоритети.
Познатата манекенка и нејзиниот нов убавец првпат беа видени заедно кон крајот на 2022 година кога Хоаким им се придружи на Жизел и нејзините деца на одмор во Костарика, само неколку недели откако таа официјално се разведе од американскиот фудбалер. Најпрво избегнуваа заеднички јавни настапи и ги држеа деталите за нивната врска подалеку од јавноста, но сега се неразделни и ретко ги гледаме разделени.