
Зад легендарниот Здравко Чолиќ стои успешна кариера долга неколку децении, но сепак има нешто за што пејачoт жали.
Тој истакна дека неговиот поглед кон животот се менувал со годините и дека сега не им придава важност на работите кои некогаш многу го окупирале.
„Не се стилизирав многу. Ова е евтин Boss костум, обичен костум. Тие времиња поминаа, јас одев во Англија и таму пазарев. Важно беше да се има скроено одело на сцената и тоа да биде сценски достоен, пенлив. Сè се менува како што старееш, животот се менува, но се надевам на позитивното. Во однос на некоја зрелост, дружење, но и кариера“, додаде тој.
Иако зад себе има долга кариера, тој откри за што сега жали.
“Жал ми е што ретко издавам албуми. Не знам дали тоа е поради соработниците, продуцентите… Иако последниве години и самиот пишував песни. Порано правевме плочи за три месеци, а сега е се побавно. Жал ми е. Би сакал да излезат повеќе нови песни“, рече тој.