
Сексот е важен дел од секоја љубовна врска. Паровите кои добро се слагаат во кревет помалку се расправаат за разлика од оние кои имаат лош сексуален живот.
Кога сексот во една врска е лош тоа може да укажува на многу поголеми проблеми во врската. Најважно е да се пронајде изворот на проблеми и да се дојде до заемно решение.
Овие неколку знаци откриваат дека не уживате во сексот со партнерот:
- Сексот го доживувате како обврска
Никој не ги сака обврските, а доколку се чувствувате должно кон партнерот да му овозможите сексуално задоволството тогаш се мали шансите да уживате во сексот.
- Секогаш наоѓате изговори
Кога сте незадоволни од сексуалниот живот секогаш ќе смислувате некоја друга обврска за да го избегнете.
- Мечтаете за други
Не е грев понекогаш да замислувате секс со други во текот на сексуалниот чин, но ако тоа го правите постојано тогаш нешто не е во ред.
- Сексот не ви е пријатен
Постојат луѓе кои едноставно не уживаат во сексот, било од психички или од физички причини. Во такви ситуации е најдобро да побарате стручна помош.
- Несреќни сте во врската
Ако често сте незадоволни од партнерот и од љубовната врска, тогаш е нормално да немате желба за секс, односно да не уживате во него.
- Немате интерес за секс
Ако ви здосадило од сексот, тоа може да значи дека и партнерот ви здосадил. За тоа треба да разговарате со него и да се обидете да ги поправите работите.