
Миењето на косата пред спиење не е добра идеја, особено поради здравствени причини.
Иако многумина веруваат дека ова е мит, спиењето со мокра коса може да биде ризично.
Во продолжение прочитајте 3 причини зошто треба да ја промените оваа лоша навика.
Ризик од настинки и габи
Габите се развиваат побрзо на влажни места. Затоа, треба добро да ја исушите косата на воздух или да користите фен.
Вкочанетост на вратот
Ако спиењето на грб е вашата омилена положба за спиење, најдобро би било да избегнувате да одите во кревет со мокра коса.
Влажната коса може да ви го излади вратот и горниот дел од грбот, со што ризикувате да се разбудите со вкочанет врат наутро.
Оштетување на косата
Спиењето со влажна коса може да доведе до долгорочно оштетување, бидејќи влажната коса е чувствителна и склона кон кршење.
Следниот пат, погрижете се да ја исушите косата или да го одложите миењето за кога ќе имате повеќе време.