
Перниците се користат секој ден, па само прашање на време е кога на нив ќе се појават нечистотии и дамки – особено жолтите. Перниците се валкаат од шминка, мртва кожа, пот, плунка, а пред да ги фрлите и купите нови, научете како да ги избелите перниците, да ги отстраните жолтите дамки и повторно да изгледаат и да мирисаат како нови.
Иако најдобриот начин да ги спречите нечистотиите и дамките на вашите перници е да користите навлаки за перници, тоа не секогаш ги спречува да се извалкаат. Експерт за чистење сподели совети како да ги отстраните жолтите дамки на перницата со помош на специјални средства за чистење со и без употреба на машина за перење.
Како да ги отстраните жолтите дамки од перниците во машина за перење
Додека повеќето перници се перат во машина, некои бараат рачно чистење или, пак, само хемиско чистење, па затоа е важно да ги проверите етикетите за нега на перницата пред да ја исперете во машината. Додека повеќето полиестерски перници се перат во машина, перниците од мемориска пена се друга приказна.
Џоан Кларк, експертка за чистење во „Типс булетин“, сподели решение кое користи алкохолен оцет за отстранување на дамките, што е и одличен начин за дезинфекција на душекот.
– За да ги избелите пожолтените перници, комбинирајте сода бикарбона, оцет, детергент за перење и детергент за садови во мал сад и промешајте. Ставете ја перницата во машината и додајте го растворот за чистење како што обично правите во текот на перењето – советува Кларк.
Бидејќи ова средство за чистење е густо, се лепи на површината на перницата, па е потребен втор циклус на перење. Повторете го циклусот на перење само со врела вода за да ги отстраните сите остатоци.
– Овој едноставен, но ефикасен рецепт е одличен за отстранување на дамките од пот од кошулите, но и од перниците. Отстранете ги жолтите дамки со леснотија, а потоа ставете ги перниците или облеката во машината за сушење. Во машината за сушење додадете и неколку тениски или топчиња за сушење. Топчињата се кршат при сушењето и обезбедуваат рамномерно загревање. Исушете ја перницата на воздушен циклус или на ниска температура – советува Кларк.
Како да ги отстраните жолтите дамки од перниците без употреба на машина за перење
Ако етикетата за нега на перницата бара рачно перење, перницата исперете ја со благ детергент за да ги отстраните жолтите дамки.
– За да ги избелите перниците, наполнете ја кадата (или голем лавор) со врела вода и додадете една четвртина шолја детергент за перење. За избелување на мошне извалканите жолти перници, употребете една четвртина шолја избелувач или една четвртина мала шолја боракс. Избегнувајте да користите зовриена вода за да го спречите оштетувањето на влакната – порачува Кларк.
Ставете ја перницата во водата со сапуница и нежно изгмечете ја со рацете за детергентот да може да навлезе во материјалот. Потоа, држете ја перницата под ладна вода за да се измие целиот сапун и преостанатата нечистотија.
– Не цедете ја перницата за да го спречите оштетувањето на микрофиберот. Нежно стискајте го материјалот за да отстраните што повеќе вода – предупредува таа.
Ако на етикетата за нега пишува да не ја сушите перницата, оставете ја надвор да се исуши и секако, повремено вртете ја. За перница што е безбедна за машинско сушење, ставете ја во машина за сушење на ниска температура и додадете топчиња.
За оние што претпочитаат да не користат избелувач, Кларк им предлага да нанесат мала количина сода бикарбона на дамката и потоа, со стара четкичка за заби да го втријат оцетот на извалканото место.
– Користете четкичка натопена во оцет за да ја истриете сода бикарбоната. Избришете ги валканите остатоци со влажна крпа. Можете исто така да додадете оцет во шише со спреј и да го испрскате оцетот на вашата облека и сода бикарбоната. Оставете ги хемикалиите малку да реагираат и исчистете ги со четкичката за заби. Сода бикарбоната и оцетот се добитна комбинација која ги отстранува сите видови дамки на површините – советува Кларк.