
Канје Вест повторно се огласи на социјалните мрежи откако тој и неговата сопруга Бјанка Ценсори беа наводно исфрлени од овогодинешните Греми награди.
Тој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од американскиот телевизиски новинар Дон Лемон.
„Ова е идиотот кој ја започна гласината дека јас и мојата сопруга сме исфрлени од Греми“, напиша тој, користејќи погрден термин за Афроамериканец. Раперот брзо ја избриша објавата, но не пред да стигне до Лемон и да го поттикне да одговори на неа.
„Прво, Канје, Је – како и да се викаш – јас не ја започнав гласината дека те исфрлиле од Греми, туку всушност ја исправив. Некој од твојот тим ме замоли да го поправам, затоа што сите почнаа да зборуваат за тоа. Значи, среди се. А ти, од сите луѓе, ме навредуваш?“, му одговори новинарот.
Раперот на доделувањето на Греми се појави во едноставна црна облека, а Ценсори влезе во салата во црна бунда. Откако накратко им позираа на фотографите, Вест, како што забележаа читателите на усните, ѝ рече да „направи сцена“, а Бјанка потоа го соблече палтото. Најпрво го покажа задниот дел од аутфитот, а потоа се сврте и покажа дека не носи ништо под проѕирниот фустан.
Раперот на својата приказна на Инстаграм во вторникот, 4 февруари, сподели листа од најпребарувани термини на „Гугл“, каде името на неговата сопруга, барем според графиконот во неговата објава, се чинеше дека е попопуларен термин за пребарување од „Греми победници 2025“.
„За да биде јасно“, напиша тој во дополнителната објава, „4 февруари 2025 година мојата сопруга е најгугланата личност на планетата Земја“.
Не е јасно дали тврдењето на Вест е точно, но шокантното појавување на парот на овогодинешното доделување на Греми наиде на голем одзив на социјалните мрежи.
Иако многумина шпекулираа дека Бјанка може да биде казнета поради ова, сепак светските медиоуми пишуваа дека тоа нема да се случи. Извори од полицијата во Лос Анџелес изјавија дека никој од присутните официјално не се пожалил на облеката на Бјанка. Тие истакнаа и дека се работи за приватен настан.