
Неодамна Кејт Мидлтон ја гледаме речиси секој ден, а во пресрет на новата сезона реши малку да го освежи својот изглед. Се ближи поведрото годишно време, па таа суптилно, но секако забележливо ја „осветли“ косата, пишува Hello!.
Промената била забележана веднаш штом таа се симнала од автобусот со толпата деца со кои одела во Националната галерија на портрети.
Таа за овој настан избра шик стајлинг и одлично го надополни со фризура која на прв поглед беше иста како порано, но на втор поглед посветла од вообичаено.
Нејзината коса, која изгледа како да е подолга од било кога, одлично и се согласуваше со чоколаден блејзер, црна ролка и широки панталони со пруги. Покрај благо брановидните прамени кои зрачат со здравје, за свежината придонесе и нова нијанса.
Познатиот фризер Мајкл Греј, на чии вештини и вешти раце им верувале многу познати дами, истакнува дека Кејт Мидлтон секогаш има најубава, здрава и сјајна коса. Со еден збор, софистицирана.
„Карамел тонови одлично и прилегаат“, забележува Греј. Мала промена секако е добредојдена, особено ако се земе предвид сето она низ кое таа поминала во не така далечното минато.
Деновите наскоро ќе станат подолги и посветли, па нејзиниот фризер реши да воведе суптилни пролетни акценти и боја на балајаж што создава илузија дека косата е посветла. Освен тоа, изгледа здраво и природно, онака како што и се допаѓа на принцезата.