Контроверзниот Канје Вест рекламира маица со свастика: „Мојот најголем уметнички перформанс досега“

popara8 февруари, 20251min00
b_250208037

Канје Вест уште еднаш предизвика бурни реакции откако сподели фотографија од маичка со свастика на X. Тврди дека со години сакал да ја „направи“.

„Мојот најголем уметнички перформанс досега“, додаде тој. Кошулата го носи името HH, а многумина претпоставуваат дека тоа значи Heil Hitler.

Оваа негова објава на X досега ја погледнале повеќе од седум милиони луѓе. Контроверзниот рапер доби многу критики.

Screenshot: X/kanyewest

„Целосно си ја уништи репутацијата“, „Те молам немој“, „Човеку, твоите деца би биле толку разочарани од тебе сега“, „Ми недостига стариот Канје“, беа дел од коментарите.

Потсетуваме дека Канје претходно ги обвини Евреите дека абортирале деца од Јужна Америка.

„Никогаш нема да се извинам за моите коментари за Евреите. Можам да кажам што сакам засекогаш. Каде е проклетото извинување за „замрзнување“ на моите сметки?“